Дали знаете дека „Патот на памукот и камили поминувале низ Скопје?“, или дека поминала и „Африканската коњаница под команда на францускиот генерал Жуно Гамбета?“. Можеби дека „До 1935 во Вардар имало речен остров, ада на која се одржувале спортски и забавни настани?“.
Овие и куп други интересни илустрации се споделени на StorytellingSkopje, кул вебсајт посветена на неверојатни приказни, инспирирани од вистински настани. Сите приказни се придружена со одлични илустрации, а страницата не е информативна единствено за туристите, туку и за поголем дел на жителите на Скопје. Сајтот е само дел од приказната, вториот дел е пред се наменет за туристи и овозможува печатење на поштенски разгледници кои туристите може да ги земат со себе.
Супер идеја и реализација само треба да си го поправат англискиот