Стопирајте ги Windows 10 надополнувањата со Kill-Update

Во првите неколку години од функционирањето на Windows 10, корисниците паметат агресивни процеси на надополнување. Немање голема контрола врз таквото нешто, знаеше да исфрустрира огромен број корисници. Сега, работите се значително подобри, но иако имате флексибилна контрола врз надополнувањата за Windows 10, сепак не можете целосно да ги отсечете. Надополнувањето на Windows 10 строго се препорачува. Не само што ја подобрува функционалноста и безбедноста, туку и знае да изненади со надградени или целосно нови алатки кои го прават искуството значително попријатно. Има некои корисници кои се против ова и си го сакаат нивниот Windows 10 во моментната верзија и во ниедна друга. За таа цел, помага алатката Kill-Update.

Kill-Update e мала алатка со само една цел – да се удри корпа на секое надополнување кое би можело да дојде во правецот на вашиот оперативен систем. По преземање на алатката и игнорирање на безбедносното предупредување (за кое треба убаво да се размисли), покренете ја алатката со десен клик, па изберете да се покрене како од администратор. По ова, мала икона ќе се вдоми во лентата со задачи. Десен клик отвора опции за деактивирање или активирање идни надополнувања.

Kill-Update работи со најновата верзија на Windows 10.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии