Стоп за сите и-мејл известувачи

Во моментот кога ќе отворите одреден мејл, испраќачот на истиот добива информација дека во толку и толку часот вие сте го отвориле. Ваквото нешто е возможно со бројни алатки чија примарна цел е токму скриено следење и известување за прием и отворање на мејлот. Нема ништо лошо во ова, но доколку гледате на таквото нешто како на благ напад врз вашата приватност лесно би можеле да го сотрете во корен.

Trocker, како екстензија за Chrome, дознава дали одреден мејл кој сте го добиле следи ваква информација и инстантно го блокира повратното известување. Од спротивната страна, испраќачот знае дека мејлот е успешно пратен, но не и дали е отворен.

Бројните начини на кои се следи вашата интеракција со мејлот

За да добиете подобра претстава во работата на Trocker отворете ги опциите и преку одделот Expose Trackers штиклирајте ја опцијата Enable. Секојпат кога ќе отворите мајл кој се труди да ве следи, Gmail ќе ве извести со „Т“ веднаш до името на испраќачот. Дополнително, со црвената бројка дознавате и колку елементи за следење се наоѓаат во истиот мејл. Детекцијата е одлична и при користење на други програми, а не само gmail. Секаде каде што ќе видите „Т“ низ мејлот потребно е да внимавате затоа што таквото обележано нешто, дали е слика или линк, крие елементи за следење. Во случај да видите виолетово „Т“, тоа значи дека таквата слика или линк се сомнителни, но Trocker не е сигурен дали навистина кријат елементи за следење.

Во оваа ситуација Trocker точно знае кликнувањето на линкот со што ќе резултира

Во Settings можете да видите кои адреси се кријат зад алатките за следење, како и статистичко известување за тоа колку елементи за следење се откриени од вашето користење на Trocker.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии