Стоби е еден од најпознатите и најубавите археолошки локалитети во Македонија, но и во регионот. За жал, не знаеме доволно за историјата на овој локалитет. Stobi Audio Guide e аудио водич кој може да ги запознае посетителите или заинтересираните за најважните делови на локалитетот. Креатор на апликацијата е Димитар Николовски.
Користењето е едноставно, веднаш по отворањето, избирате јазик. Потоа се префрлате на мапа на која се достапни објаснувања за посебни објекти од локалитетот, пример храмот на Изида и Серапис или коцкарница.
Можеби мала замерка е што нема галерија, но тоа не би било сосем оправдано со оглед на тоа дека апликацијата треба да се користи при посета на Стоби.
Апликацијата е достапна со македонски и англиски објаснувања. Ако ја користите на македонски, апликацијата е одлична. Говорот е беспрекорен и објаснувањата се одлични. За жал, англиската верзија може и треба да биде подобра, ова најмногу се однесува на акцентот кој се слуша во говорот, а не би требало да го има.
Stobi Audio Guide е достапна за Android и iOS, апликацијата работи и кога не сте онлајн, што секако значи дека станува збор „за потешка“ апликација.