Стивен Пруит, човекот кој има над 3 милиони дополнувања и 38 000 статии на Wikipedia

Дејан Соколоски

во Вести

Wikipedia е една од најпосетуваните енциклопедии во светот. Само англиската верзија на Wikipedia има над 5,7 милиони статии, а енциклопедијата е достапна на 301 јазик.

Сепак од сите луѓе кои некогаш придонеле за енциклопедијата вложувајќи го своето време волонтерски, најмногу придонел Стивен Пруит. Г. Пруит самиот има над 35 000 статии, и дополнително придонел со речиси 3 милиони дополнувања. Поради својата љубов кон операта, за свој Wikipedia псевдоним го користи „Ser Amantio Di Nicolao“.

„Мојата прва статија беше за Петер Франциско, тој е мој пра пра пра пра пра пра дедо… да имавте еден час ќе ви ја раскажев целата приказна. Го одржувал редот во Сенатот на Вирџинија, приказната има и киднапирање, можеби и пиратство. Ако ја прочитате приказната нема да ви се верува дека ова навистина се случило“, раскажува г. Пруит за CBS.

Ако се прашувате каква корист од ова има г. Пруит, неодамна магазинот Time го прогласи за еден од 25 највлијателни луѓе на интернет. На оваа листа тој е заедно со Доналд Трамп, Џ.К Роулинг и Ким Кардашијан. Секако за разлика од овие личности г. Пруит целата работа ја работи без никаков надомест.

Поправањето и додавањето на нови статии на Wikipedia не е лесна работа. За да пронајде податоци тој барем три часа во денот поминува во истражување, едитирање и пишување. Податоците ги пронаоѓа во академски изданија и во книги.

„Луѓето како Пруит се неверојатно важни за платформи како Wikipedia. Едноставно тие и даваат живот на платформата“, вели Ки Кинуанџуи, заменик претседател за комуникации на Wikimedia.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии