Стив Џобс сакал да го „уништи“ Android, се открива во неговата биографија

Стив Џобс велел дека aко треба ќе ги потроши сите пари што ги има Apple за да го уништи Android. Ова беше откриено во неговата авторизирана биографија напишана од Волтер Исаксон која ќе се појави наскоро.

Г. Џобс гледал на Android како на „голем крадец“ и е цитиран од г. Исаксон дека „ќе го уништам Android бидејќи е украден продукт. Спремен сум да започнам термонуклеарна војна за ова.“ додавајќи дека ќе „го потрошам и последното пени од сите 40 милијарди долари на Apple да го исправам ова зло“.

Пред појавувањето на Android, Стив Џобс имаше добри односи со Google, посебно со поранешниот директор на интернет пребарувачот, Ерик Шмит, кој до неодамна беше дел и од бордот на Apple. По објавувањето на Android, Аpple започна да одбива продукти од Google, кои наместо интеграција во iOS сега се посебни апликации, и започна да ги тужи производителите на паметни телефони и таблет компјутери кои го користат Android OС.

Покрај информациите од биографијата, PC Magazine сподели дека г. Џобс работел до самиот крај. Ова информација доаѓа од разговор меѓу директорот на Apple, Тим Кук, и Масајоши Суна од SoftBank Capital кои го дистрибуираат iPhone. Тој разговор бил прекинат за кратко од г. Кук бидејќи Стив Џобс му вртел по телефон. Тоа се се случувало на денот на претставување на iPhone 4S, поточно на 4-ти октомври. Стив Џобс почина ден подоцна, на 5-ти.

Тој почина од рак на панкреасот, за кој, според биографијата од г. Исаксон, се открива дека долго време одбивал третман, одложувајќи ја операцијата за девет месеци и покрај незадоволството и притисокот од неговата фамилија. Г. Џобс преферирал алтернативна медицина и велел дека неговата болест не е толку сериозна и им велел на сите дека е излечен, иако продолжувал да се лечи во тајност.

(сликата е на noppyfoto1/flickr)

2 коментари на “Стив Џобс сакал да го „уништи“ Android, се открива во неговата биографија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии