Стив Џобс e визионер на 2010-та, според Financial Times

Според британски весник, најголемиот успех на Стив Џобс е таблет компјутерот iPad кој „ја продолжува иновацијата на iPhone-от за поразновиден екран и лесни апликации дизајнирани за специфични задачи, и покажува кон иднината по компјутерското глувче и свет без Windows. Продажбите на поефтините ноутбук компјутер веќе патат.“

„iPad-от e кулминација на пристапот кој што тој го усовршуваше во текот на својата цела кариера.“

Покрај успешното промовирање и над 5 милиони продажби на iPad-от, Apple оваа година го претстави и iPhone 4, кој имаше свои проблеми со лошата антена. Но и покрај тие проблеми, сепак Apple во 2010 година стана највлијателната и највредна ИТ компанија, конечно надминувајќи го Microsoft.

Директорот на Apple се приклучи на листата на „највлијателните личности во 2010“ на која се наоѓа основачот на Facebook, Марк Закерберг, кој е прогласен како личност на годината од Time магазинот, и хакерот и основач на Wikileaks, Џулијан Асанж кој беше прогласен како личност на годината од публиката на Time. Ова покажува дека ИТ-то дефинитивно станува еден од највлијателните делови од секојдневието.

2 коментари на “Стив Џобс e визионер на 2010-та, според Financial Times

  1. Kakov be vizioner. iPad e kombinacija od IDEJATA Kindl i iPhone i mu teknalo deka moze da gi koristi istite aplikacii. iPhone e vekje postoecka ideja koja bese realizirana otkako malku proizvoditelite gi podobrija ekranite na dopir, samo sto napravija mal operativen sistem namenet za takov ekran.
    Sekoj malku inventiven covek na mestoto na Jobs (opkruzen so tehnologija i kapacitet da go stori toa) bi go storil istoto. Samo sto ovoj bil toj srekjlija

  2. Нема врска тоа со антена.Секако ако некој го стегне телефонот како "манијак" секако дека губи мрежа.Фатете било кој телефон така и ќе видите дека е исто.Проблемот беше во формулата која ја прикажува јачината на мрежата која брзо беше поправена.Тоа е изолиран случај кој се појавил само кај некои корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии