Стив Џобс: Android ве следи. Не ние.

Друг хакер, Сами Камкар, покажа дека Android ја снима локацијата на неколку секунди, а истата информација ја праќа неколку пати во час и до Google.

Според извори од Google, пишува Guardian, локацијата се собира за да може полесно да се најдат Wi-Fi точки и мобилни предаватели, кои ги има во Google-овата дата база. Фајлот со локацијата се апдејтира откако ќе снема сигнал со цел да, подоцна, се поврзе побрзо со некој предавател. Oва исто така помага да се понудат таргетирани реклами според локација.

Интересно, Стив Џобс во краток мејл до корисник негираше дека собираат информации за локација велејќи „Тие [Android] ве следат. Ние не следиме никого. Погрешни информации кружат наоколу.“

Најверојатно г. Џобс мисли дека иако iPhone ги собира локациите, што е потврдено од хакерите и најавено во Условите за користење, сепак тие информации не стигаат до Apple. Ова може да биде точно и со тоа што податоците се анонимни, без лични податоци и не ја даваат точната позиција на корисникот, туку приближната локација понекогаш со грешка од неколку километри.

И двете компании велат дека корисниците се прашани за дозвола да се собираат тие информации со цел да им се понуди подобра услуга. Но, ова може и да не биде точно. Wall Street Journal вели дека и откако ќе се исклучи опцијата за следење на локацијата, iPhone продолжувa да ги собира податоците од мобилните предаватели и Wi-Fi мрежи.

Поради нејаснотии околу потребата за овие податоци, како и нивно собирање без согласност и знаење на корисникот, може да се очекуваат истраги од неколку европски земји.

5 коментари на “Стив Џобс: Android ве следи. Не ние.

  1. @wtf, да значи. Со самото тоа што си купил iPhone ти се согласуваш да играш како што тие ке свират, без разлика дали си го купил телефонот од продавница или од другар.

  2. Демократија ….
    Корпораците стаана диктатори …
    Подобра услуга ????
    Согласност на корисникот тука се вкрсутва ГНУ филозофијата за патенети и услуги.
    Ако сум го купил од пријател телефонoт дали тоа значи дека сум се согласил со правилата на Apple?
    Работите се обрнаа кој кого купува кој на кого плаќа и зошто плаќа?

  3. Ако
    > кај андроид се чуваат последните 50 места а на ајфон отсекогаш-до-засекогаш
    > кај андроид "потешко се стигнува до фајлот" а кај ајфон е многу лесно
    како тогаш тие две работи се исти?

    Во првиот случај (ајфон) локацијата е зачувана засекогаш и отсекогаш, бидејки фајлот се повлекува со секоја синхронизација помеѓу ајфон и ајтунс.
    Во вториот, андроид (гугл) го прават тоа само за да биде услугата по ефикасна.
    Таака да, Стив Џобс не ја кажува вистината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии