Стив Џобс за животот, Apple, дизајнот, смртта….

Г. Џобс, дали велите дека овие луѓе што го направија PCjr немаат толкава гордост во продуктот?, праша PlayBoy во интервју во 1985-та година. Ако тие имаа гордост, тие немаше да го направат PCjr., одговори тогаш 29-годишниот Стив Џобс.

Подолу се неколку инспиративни цитати од Стив Џобс, соберено од разни периоди од неговата кариера со Apple и надвор од Apple:

  • „Дали сакаш да го поминеш остатокот од твојот живот продавајќи зашеќерена вода или сакаш да добиеш шанса да го смениш светот?
  • Горд сум на тоа што не го правиме исто колку што сум горд на тоа што го правиме.
  • Понекогаш кога иновирате, правите грешки. Најдобро е да ги признаете брзо, и да продолжите да ги подобрувате вашите други иновации.
  • Зошто да се приклучите на морнарицата кога може да бидете пират?
  • Вашето време е ограничено, затоа не трошете го да живеете нечиј друг живот. Не бидете заробени од догмата – што е живеење со резултати од размислувањето на другите луѓе. Не дозволувајте буката од мислењата на другите да ви го замолчи вашиот внатрешен глас. И најважно, имајте ја храброста да го следите вашето срце и интуиција. Тие некако веќе знаат што навистина сакаш да станеш. Се други е секундарно.
  • Биди чекор понапред во квалитетот. Некои луѓе не се навикнати нa околина во која се очекува совршеноста.
  • Не го видов тоа тогаш, но излезе дека отпуштањето од Apple беше најдоброто нешто што ми се случило. Тежината да се биде успешен беше заменета со леснотијата да се биде почетник повторно, помалку сигурен за се. Ме ослободи да влезам во еден од најкреативните периоди од мојот живот.
  • Сите ние одбравме што да правиме со нашите животи. И треба да бидат проклето добри. Треба да вредат.
  • Не може да ги поврзете точките гледајќи на напред, можете да ги поврзете само гледајќи на назад. Затоа мора да верувате дека точките некако ќе бидат поврзани во иднината. Мора да верувате во нешто – во вашиот инстинкт, судбина, живот, карма, било што. Овој пристап никогаш не ме разочара, и го промени мојот живот.
  • Клик. Бум. Неверојатно.
  • Ова беше една од моите мантри – фокус и едноставност. Едноставно може да биде потешко од коплексно: Треба да работите повеќе за да размислувате јасно за да го направите едноставно. Но на крај вреди бидејќи кога еднаш ќе стигнете таму, ќе може да поместувате планини.
  • Вашата работа ќе ви го исполни поголемиот дел од вашиот живот, и единствен начин да бидете навистина задоволни е да верувате дека е тоа е добра работа. И единствениот начин да работите добра работа е да го сакате тоа што го работите. Ако не сте го нашле тоа се уште, продолжете да барате. Не се смирувајте. Ќе најдете што сакате. И, како секога добра врска, ќе биде се подобро и подобро како што годините поминуваат. Затоа продолжете да барате се додека не го најдете тоа. Не се смирувајте.
  • Многу е тешко да дизајнираш продукт според фокус групи. Поголем дел од времето, луѓето не знаат што сакаат се додека не им го покажеш тоа на нив!
  • Ги направивме копчињата на екранот да изгледаат толку добро да посакаш да ги излижеш.
  • За многу луѓе, дизајн значи изглед. Декорација на ентериер. Тоа е материјалот за прекривачот на каучот. Но за мене, тоа е многу далеко од значењето на дизајн. Дизајн е основаната душа на човечката креација што се искажува себеси во успешниот надворешен слој на продукот или сервисот.
  • Дизајнот не е само како изгледа. Дизајнот е и како работи.
  • Продуктите не чинат. Нема веќе секс во нив!
  • Луѓето мислат дека фокусот значи да се каже да на работите на кои сте се фокусирале. Но тоа не е што значи. Тоа значи да се каже не на стотина други добри идеи кои ги има. Мора да се избира внимателно.
  • Јас сум единствениот човек за кој што знам дека изгубил пола милијарда долари за една година… тоа навистина го гради карактерот.
  • Скоро се – сите надворешни очекувања, сета гордост, сиот страв од посрамување или неуспех – сите овие работи се губат пред лицето на смртта, оставајќи го она што навистина е важно. Потсетувањето дека ќе умрете е најдобриот начин да знаеш да ја избегнеш замката да мислиш дека имаш нешто да изгубиш. Ти веќе си гол. Нема причина зошто да не го следиш своето срце.
  • Животот е краток, знаете, потоа умираш.

(сликата е преземена од Buzzfeed)

1 коментар на “Стив Џобс за животот, Apple, дизајнот, смртта….

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии