Стив Џобс за Flash, iPad и HTML5

IT.mk редакција

во Софтвер

Apple-овиот iPad покрај големата еуфорија привлече и многу критики пред се бидејќи таблетот на подржува Flash. Тоа значи дека на iPad нема да можете да пуштите YouTube видео клип или пак да отворите Flash базирана веб страна. Аdobe Flash e насекаде, само не на iPad. Ова предизвика многу негативни коментари од интернет заедницата, како и критики од Adobe.

Rеакцијата за критиките на Стив Џобс беше неверојатна. На состанок со вработените од Аpple тој рече дека Adobe се „мрзливи“ бидејќи „го имаат целиот овој потенцијал да направат интересни нешта, но тие одбиваат да го сторат тоа“ додавајќи дека Flash е една од најголемите причини зошто паѓа Mac-oт. На тој состанок г-дин. Џобс се сврте и кон Google и рече дека нивнотото мото „не прави зло“ е „срање“.

Покрај нервозата, директорот на Apple рече дека главната причина зошто iPad нема Flash е бидејќи „Светот се движи кон HTML5".

HTML5 e новиот стандарден јазик за веб сајтови. Бидејќи HTML5 нема потреба од Flash, апликацијата на Adobe може да стане бескорисна. Интересно, патентот зa HTML5 е во сопственост на групација од компании меѓу кои и Apple.

Тоа што е важно, а што Стив Џобс го знае, е што YouTube и Vimeo, два популарни видео сервиси, веќе ја најавија подршката на HTML5, додека Flickr и други популарни веб сервиси најавија дека наскоро и тие ќе се префрлат на овој стандард.

1 коментар на “Стив Џобс за Flash, iPad и HTML5

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии