Стив Балмер за како Microsoft Surface се вклопува во PC пазарот

Kонечно се случи влегувањето на Microsoft на пазарот на таблет компјутери со Surface, кој и не може да се нарече „вистински“ PC и е многу поблиску до хибриден уред.. Иако ова не би требало да биде преголемо изненадување со оглед на тоа дека Microsoft произведуваат хардвер веќе подолго време. Покрај Xbox и Kinect, тие се идејни творци и на повеќе PC делови помеѓу кои е глувчето.

Затоа можеби најинтересно ќе биде да видиме каква ќе биде соработката помеѓу Microsoft и производителите на PC, но да не заборавиме дека Microsoft сепак е софтвер гигант кој го произведува најпопуларниот оперативен систем. Во изминативе триесет години токму тие беа најголема поддршка на производителите и го движеа развојот на хардверот напред. На прашањето како PC партнерите на Microsoft ја примиле веста за Surfac, директорот на компанијата Стив Балмер за АllThingsD одговори само кратко со „без коментар“.

Но, г. Балмер исто така додаде дека PC пазарот ќе продолжи да си функционира како до сега. Од 375-те милиони уреди кои се очекува да се продадат следната година, поголем дел нема да бидат таблет компјутери. Но, од друга страна Surface може да допринесе кон подобра транзиција на Windows 8 бидејќи е составен дел од таа стратегија.

[youtube]jozTK-MqEXQ[/youtube]

Ќе биде интересно да се види дали Microsoft ќе се решат да го направат Surface поблиску до самостоен уред или како повеќето главна предност ќе му биде Xbox интеграцијата. Ако податоците кои беа објавени викендов се вистинити и Microsoft планира до 2015 година сите услуги да ги нуди преку „cloud computing“ најважни карактеристики на таблетот ќе бидат времетраењето на батеријата и дали таблетот ќе има 4G верзија. Цената на таблетот се очекува да биде од 600 до 1.000 долари и најверојатно ќе биде достапен со излегувањето на Windows 8.

2 коментари на “Стив Балмер за како Microsoft Surface се вклопува во PC пазарот

  1. лудница… мислам дека ќе го засени iPad па и надмини во продажба. Се надевам нема да е многу скап па да можам да си го купам :D

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии