Стигнавме до 5 милијарди мобилни претплати!

Како за споредба во 2000 година имало 720 милиони претплати, колку што има само во Кина сега. Огромниот раст е достигнат благодарение на новите пазари во Кина и Индија, велат од компанијата, додека во некои пазари поврзаните уреди, а не луѓето, го движат развојот.

Посебно значајна е проценката дека до 2015 година 3.4 милијарди луѓе ќе имаат брз интернет на својот мобилен, што е огромен раст споредено со 360 милиони од 2009 година. Според истражувањата 80 отсто од луѓето кои пристапуваат на интернет ќе го прават тоа од својот мобилен телефон.

„За некои е прашање на комоција, за други потреба. Моблните претплати им овозможуват на луѓето кои немаат пристап до банка или банкарска сметка да префрлат пари; на риболовците и фармерите да добијат брзи вести за временската прогноза, на селаните да добијат локална медицинска помош, и децата да добијат онлајн образование. Тоа ги овозможува дневното работење на малите бизниси и го движи економскиот раст.“ се вели во соопштението.

Од Ericsson прогнозираат дека до 2020 година ќе има над 50 милијарди поврзани уреди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии