Steam подготвува нова распродажба на игри во февруари

Во случај да ви останал некој денар од празниците и да не успеавте да купите сè што сте сакале од неодамнешната зимска распродажба, Steam подготвува нова кампања за земање на вашите тешко спечалени пари.

Неодамна, Valve постави известување дека Steam Lunar New Year распродажбата ќе започне на почетокот на февруари. Точните датуми се уште не се знаат. Минатата година, распродажбата започна на 15 февруари и траеше сè до 19 февруари. Оваа година, претпоставуваме дека распродажбата би дошла значително порано, со оглед на тоа дека Кинеската Нова Година е на 5 февруари. Според неофицијални извори, распродажбата би требало да започне од 4 до 11 февруари.

Преку известувањето, Valve ги охрабрува сите издавачи да ги вклучат нивните продукти во распродажбата. Како дел од распродажбата, меѓутоа, нема да бидат вклучени дванаесетте најочекувани игри за месец февруари. За тоа кои се тие, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии