Steam ќе биде достапен за Ubuntu, подоцна и за другите Linux дистрибуции

Left4Dead 2 ќе биде првата игра која корисниците на Ubuntu ќе можат да ја купат од Steam, најави Valve на својот нов Linux блог на кој ќе објавуваат новости за дигиталната гејминг платформа.

Steam е сервис преку кој корисниците можат да купуваат дигитални копии од игри. Штом платат за играта, таа е достапна за бројни симнувања преку облакот. Предноста на моделот на Steam е што е во облак и ги зачувува сите статистики и достигнувања на играчите, и што преку платформата се нудат бројни попусти и награди за сите 5 милиони корисници.

„Зошто Ubuntu? Има неколку причини за тоа. Прво, само што започнуваме со развојот и работењето на една дистрибуција е критично кога експериментирате, како што правиме ние.“, вели Valve. „Втора причина е што Ubuntu е популарна дистрибуција и е прифатена од гејминг и програмерската заедница“.

Но, тоа не значи дека Steam ќе биде достапна само за Ubuntu. Ќе се работи и на другите дистрибуции, но откако ќе се поминат првите три фази: креирање клиент за Steam на Linux со целосни функционалности, оптимизирање на L4D 2 да работи со високи фрејмови со OpenGL, и портирање на други игри.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии