Steam Machines ќе бидат одложени за 2015-та година

Доколку со нетрпение ги очекувате Steam Machines, тогаш Valve има лоши вести за вас. Компанијата го одложи излегувањето во продажба на Steam Machines за 2015 година. Сепак иако ова се лоши вести, главен приоритет на Valve е кога корисниците ќе ја добијат конзолата да го добијат најдоброто можно искуство.

„Сега користиме бежични прототип контролери за тестирање, во кои се вклучени сите од специјалисти во индустријата, до die-hard гејмери, па се до гејмери кои играат повремено. Ова значи дека добиваме куп податоци и можеме да го направиме контролерот многу подобар. Се разбира овие подобрување не држат зафатени. Реално сега најверојатно ќе бидеме подготвени за издавање на козолата во 2015, не 2014“.

Интересно ова важи за конзолите кои доаѓаат од Valve, што ќе се случува со партнерите на Valve кои произведуваат свои конзоли барем засега е неизвесно. Доколку се одлучат да го чекаат контролерот тогаш секако ќе излезат истовремено, доколку пак се одлучат за глувче и тастатура тогаш е можно партнерите на Valve да излезат со своите конзоли порано.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии