Steam ќе овозможи демо игри за време на The Game Awards

Како што можеби знаете, овогодишните The Game Awards стапуваат на сила на 13 декември, во 2:30 наутро. Тешко време да се биде буден, но добрата работа е тоа што нè имате нас, а ако нешто ние сакаме тоа е да се дружиме со пакетче Red Bull и да пренесуваме настани во екстремно болни детали.

За време на овогодишните The Game Awards, Steam ќе овозможи демо проверка на дел од игрите за кои ќе се зборува на настанот. Креаторот на настанот, Џеф Кили, објаснува дека не можат сите да присуствуваат на најразлични настани и директно да ги проверат игрите. Поради тоа, решиле да соработуваат со Steam и да овозможат демо верзии по дигитален пат.

Таканаречениот The Game Festival ќе понуди демо верзии кои ќе бидат од временско-ограничувачки карактер. Имено, доколку сакате да проверите некоја игра, ќе имате само 48 часа за таквото нешто. По истекот на времето, игрите ќе бидат отстранети од вашата библиотека.

Дел од демо верзиите кои ќе можете да ги проверите се:

System Shock (Nightdive Studios)
Eastward (Pixpil/Chucklefish)
Spiritfarer (Thunder Lotus)
Moving Out (SMG Studio/Devm Games/Team17)
Röki (Polygon Treehouse/United Label)
Chicory (Greg Lobanov)
Wooden Nickel (Brain&Brain)
Haven (The Game Bakers)
Heavenly Bodies (2pt Interactive)
Acid Knife (Powerhoof)
The Drifter (Powerhoof)
CARRION (Phobia/Devolver)
SkateBIRD (Glass Bottom Games)

Да се надеваме дека нема да се премногу големи за преземање. За нашите импресии од The Game Awards, читајте нè и утре!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии