Stay Focused, Silver Bird, Vertical Tabs… неколку кул Chrome екстензии

Од Stay Focused и Vertical Tabs, екстензии за функционаност, до Add Facebook Events to Google Calentar, екстензија за организација, во прилог имате неколку корисни алатки за Chrome кои можат да ви користат.

Stay Focused

Да започнеме со екстензијата која мене најмногу ми користи. Се работи за екстензијата StayFocused чија задача е да го ограничи вашето сурфање, така што ќе ги блокира оние веб сајтови кои вие ќе ги одредите, во временски рок кој вие ќе го зададете. Доколку сте како мене и Facebook и YouTube често ви го одземаат вниманието, тогаш оваа екстензија е за вас.

Sliver Bird

Одлична Chrome екстензија која ќе им користи на сите твитерџии е Silver Bird. Оваа екстензија функционира како Twitter клиент кој ви овозможува директно во пребарувачот да го гледате вашиот feed, спомнувања, директни пораки, фаворити, популарни теми, и листи. Покрај ова, исто така можно е и да твитате директно од Silver Bird, а исто така вклучен е и вграден URL скратувач. Уште една интересна карактеристика е тоа што за секој нов твит добивате дискретна нотификација. Исто така можат и да се качуваат слики директно од екстензијата.

Add Facebook Events to Google Calendar

Самото име на Add Facebook Events to Google Calendar укажува на нејзината функција, да додадете Facebook настани во вашиот Google календар. Со само еден клик во вашиот Google календар се копира следното: име на настанот, датум и време, локација, опис на настанот, и линк до настанот на Facebook.

Docs PDF/PowerPoint Viewer

Уште една многу корисна Chrome екстензија е Docs PDF/Powerpoint Viewer. Оваа екстензија овозможува да ги отворите во вашиот пребарувач сите оние линкови кои водат до PDF или Powerpoint документи наместо да ги преземете и да ги отворате со посебна апликација. Бидејќи Docs PDF/PowerPoint Viewer е дело на Google, овие документи се отвараат преку GoogleDocs за многу брзо време.

Vertical Tabs

Доколку често се наоѓате во ситуација да имате отворено над десет таба, и како резултат тешко ви оди навигацијата помеѓу нив, тогаш Vertical Tabs драстично ќе ви го намали овој проблем. VerticalTabs е многу едноставна екстензија која ви ги овозможува вертикален преглед на сите отворени табови. Можете да си подесите колкава ширина да биде и колки линии текст да бидат прикажани. Новина во оваа екстензија е пребарувачот кој ќе ви помогне да го најдете оној таб кој ви е потребен. Табовите исто така можат да бидат и преуредувани.

Adblock Plus for Google Chrome

Има многу сајтови кои се преплавени со реклами и банери кои трепкаат и летаат, и тоа може да биде многу иритирачко. Ова е случајот особено кај сајтовите за гледање филмови, а кај некои македонски портали. Затоа тука ја имаме екстензијата Adblock Plus, која првично е направена за Mozilla, а сега е достапна и за Chrome. Оваа екстензија овозможува да блокирате многу од овие реклами, и со тоа да сурфате без нервози.

5 коментари на “Stay Focused, Silver Bird, Vertical Tabs… неколку кул Chrome екстензии

  1. @Дарко
    И полсе 10 минути откако го блокираше ти се отвара?

    @Timetraveler
    Јас сум на Ubuntu, така да немам муки со вируси и автоматски не се разбирам во антивируси. :)

  2. Можете review да направите и за WOT одлична екстензија е за безбедност, како додаток на антивирусот :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии