LinkedIn, за прв пат откако излезе на берза, на својот блог ги презентираше финансиските резултати за вториот квартал од 2011 година. Во овој период, LinkedIn доживува рекорден број на корисници, единствени посети и прегледи на страни. LinkedIn моментално има 115,8 милиони корисници, што е пораст од 61%, во споредба со истиот период минатата година. Исто така има 81,8 милиони единствени посети, што во споредба со минатата година е пораст од 83%.

Поради големото инвестирање во растот и развојот на веб сајтот, нето приходот за овој квартал не е многу голем, 4,5 милиони долари, што е пораст од само 5%, во споредба со истиот период минатата година. Вкупната заработка за овој квартал изнесува 121 милион долари, додека минатата година оваа бројка е 54,9 милиони долари.

Покрај овој извештај, во прилог имаме и една интересна презентација, дело на Амодиовеларио Верде, која содржи статистики за LinkedIn. Според оваа презентација:

  • LinkedIn има 119 милиони корисници, од кои 58,5% се машки;
  • Женската популација преовладува само во четири земји: Романија (53%), Бугарија (52%), Кина (52%), и Финска (52%);
  •  Просечната старосна граница на корисниците се движи од 25 до 54 години;
  •  68% од корисниците се од Европа и Северна Америка;
  • Држави со најмногу корисници се: САД (50,1 милион), Индија (10,6 милиони), Велика Британија (6,9 милиони), Бразил (5 милиони), Канада (4,2 милиони), Холандија (2,8 милиони), Франција (2,6 милиони), Австралија (2,3 милиони), Италија (2,1 милион) и Шпанија (2 милиони);
  • Преку 40 % од корисниците се менаџери, директори, сопственици, CEO или подпретседатели;
  • Исто така над 40 % од корисниците работат во компании со над 10.000 вработени.

Погледнете ја целата презентации за многу други интересни факти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии