Стартуваше World Digital Library

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}Светската дигитална библиотека беше презентирана вчера во Париз. Библиотеката е бесплатна за секој посетител, а во себе ги содржи најстарите книги во светот преземени од националните библиотеки на Кина, Русија, САД, Бразил, Египет…

„Има многу онлајн библиотеки но ова е првиот обид да се направи нешто вака интернационално. Ова е првата светска дигитална библиотека“ изјави Исмаил Серагелдин, директор на египетска национална библиотека Александрина.

Иако е библиотека, сепак на WDL.org може да се најдат и цртежи на карти од Јужна Африка кои потекнуваат од 8.000 години пред наша ера, персиска калиграфија, разни ракописи… на кратко, на сајтот можете да најдете многу драгоцени нешта поврзани со историјата на светот. Дури можете да најдете и слики од старо училиште во Битола, како и архитектонскиoт план за тоа училиште кое потекнува од времето на Отоманската империја, околу 1800-1893 година. Сепак иако е дизајнирана да поддржи огромен број податоци, сега за сега библиотеката е скромна, со само 1.200 дела.

{mosimage}

Организацијата на податоците на сајтот е одлична. Делата се подредени според времето, местото, темата и видот. Секое дело си има свои податоци преку кои лесно може да се маневрира со дополнителни информации.

{mosimage}

World Digital Library е проект на UNESCO и Конгресната библиотека на САД, потпомогнат со разни донации.

Неодамна беше објавена и дигиталната библиотека на Европската унија – Europeana чии сервери се срушија веднаш по објавувањето поради огромната заинтересираност.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии