Стартуваше Teknuvalo.mk, прашања и одговори за програмери

Интересно е што коментарите и одговорите можат да се модерираат од другите корисници, налик на Wikipedia, со цел да се дојде до поточен одговор.

„Апликацијата е така обмислена да ги награди тие што треба а да ги обесхрабри тие што не се заинтересирани и контрапродуктивни. Пример за тоа е пишување на коментари, не може секој да пишува се додека не се стекне со правото, односно одговори или постави добри прашања. Во основа би биле прифатени сите програмерски или администраторски прашања.“ вели Мите Митрески еден од креаторите на Teкнувало.мк.

Бидејќи е за програмери на Teкнувало.мк ќе можат да се објавуваат и кодови како решенија/одговори, а зависно од активноста на членовите и нивните одговори истите ќе бидат наградувани со репутација и медали.

Текнувало.мк moжете да го најдете и на Facebook.

9 коментари на “Стартуваше Teknuvalo.mk, прашања и одговори за програмери

  1. Јас се плашам дека Текнувало ќе биде преполнето со прашања од типот на "Како да jailbreak-увам iPhone", "Како да инсталирам Хакинтош" и "Кој е подобар_ Java vs PHP", чисто заради причините што ги наведе Ванчо. Поентата на ваков македонски сајт е да се доближи знаењето до тие што не зборат англиски. Но до сега сум сретнал само еден програмер (ако може така да се нарече) што actually НЕ може да се снајде на StackOverflow.

    Текнувало практично се ослонува на алтруизмот на македонските програмери. Или на нивното его. Се надевам дека им доволно од двете па да пркне сајтов.

    Инаку, ако го читаат ова креаторите на Текнувало: Зоштo не ја купивте StackExchange платформата наместо да правите клон во Django ?

    1. :-)
      Душко Дејнџер добро ги предвидел работите. Точно е дека се појавија неколку „такви“ прашања, но администраторите брзо реагираа и ги затворија.

      Администраторите изјавија дека ќе работат на додавање на повеќе содржини кои ќе го зголемат опфатот и интересот, бидејќи стои тврдењето дека не нѝ треба копија на Stackoverflow.
      И не стои тезата дека е наменето за програмери кои не зборуваат англиски. Нема добар програмер без англиски, и точка (колку и да звучи погрешно).

      Јас решив да се пријавам на сајтот и да помогнам (колку што можам) да „пркне“, како што рече ти. Дојди, те очекуваме таму. Можеби нешто ќе биде од целата работа, ако се заложат повеќе луѓе.

  2. Не е навреда, само реалност :)
    ит ком мк е многу добра страна, една од подобрите во Македонија, но има и подобри од ит.ком.мк :)

  3. Ако гледаш така, на google ќе најдеш се. Од секоја страна има една страна подобра. И од it.com.mk има подобри странски страни (многу подобри), но пак ја посетуваш.
    Како и во реалниот живот, така и во сајбер, секогаш има нешто/некој подобар.

    1. Само сакам да кажам дека Текнувало нема ништо повеќе…некој твист, некоја финта, која ќе го одвои од илјадниците слични. Можеби (на пример) начин програмерите и директно да контактираат – Македонија е мала земја. Социјална мрежа на локални програмери? Кои комуницираат меѓусебно и си помагаат (или барем разговараат)…

      А it.com.mk го посетувам токму затоа што има еден квалитет повеќе од Ars technica или The Register: има локални вести. Тоа е нивниот „твист“.

  4. Која е целта на ваков сајт?
    Шансата мојот програмерски проблем да биде одговорен е милион пати поголема на Stackoverflow, отколку овде. Освен тоа, бидејќи Текнувало е клон на Stackoverflow, не нуди ништо повеќе од таму, освен што е преведено на македонски (што на програмер не му значи многу).
    Сепак, со среќа нека им е, штом решиле да го направат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии