Mafia.mk е прва македонска онлајн игра налик на друштвена мрежа која се бави со организираниот криминал. Играта е веб базирана, значи ви треба прелистувач за да ја играте и е едноставна текстуална игра. Вие сте криминалец кој се обидува да стигне до врвот на подземјето. Крадете автомобили, лижавчиња од деца, продавате дрога со цел да се собере поголема почит и секако – пари. Звучи навистина криминално, но покрај забавниот аспект има и едукација вели Трајче Петров алијас SkechBoy, студент на електро-технички факултет и еден од креаторите на Mafia.mk.

„Идеjата ни е играта да не биде од оние игри само за губење време, но и играчите во текот на играњето да можат да научат нешто. Исто така со играта не сакаме да го прикажеме криминалниот живот како полесен начин за збогатување, туку последиците од него.“ вели Трајче објаснувајќи дека во играта има берзи, трговија и работа со недвижности.

Иако е текстуална и веб базирана сепак играта е доста динамична и има што да се прави. Пример во моите два обида да украдам автомобил завршив во затвор полн со други фатени играчи. Кога сте во затвор неможете да правите ништо, едноставно дремете неколку минути или часови зависно од извршениот криминал. Успеав да скршам кола, да украдам велосипед, но кога се обидов да украдам лижавче од бебе бев нападнат и изгубив крв. Во моја одбрана бебето беше набилдано. Kога пак се вклучив денес бев 3 пат нападнат од другите играчи и ме ограбија, а добив и порака за сојузништво…

Mafia.mk е проект на 4 апсолвенти од електро-техничкиот факултет Трајче Петров, Бобан Кузманоски, Никола Војновски и Пламен Желзнаков кои решија да направат ваква игра поради интересот за принципот на кој работат онлајн игрите, и бидејќи нема слична во сајбер .mk просторот. Но зошто да се застане тука? Трајче најави и проширување на Мafia.mk на повеќе пaзари.

„Веќе сме во постапка за ширење на Европскиот пазар. Играта ќе биде достапна и на повеќе јазици (англиски, српски, германски, бугарски) на www.mafiaonline.eu.“

Повеќе за Mafia.mk можете да најдете и на Facebook.

21 коментари на “Стартуваше Mafia.mk

  1. Детето ми винаги ме следват everwhere така че аз не мога да направя anything.He да плача по всяко време, а понякога и просто, нека бебето cry.It наистина ме труда. Но понякога бебето правим неща, които ви позволяват да не могат да помогнат за laugh.It "interesting.I просто искам да кажа нещо за него, аз обичам моето бебе много.

  2. НЕ !!! Скриптата не е украдена туку купена.Постојат слични страни на таа горе ти што ја наведе како на пример: http://www.criminas.nl/ http://www.bandos.nl/
    И самите си ја уредиле на свој јазик и по своја желба така да тука нема што да се дискутира.
    Основачите на ваквата игра се :http://www.onetwogaming.com/

    Мислам дека сега е јасно :)

    1. Истиот човек кој работел на развојот на Google News, стои и зад развојот на time.mk: Д-р Игор Трајковски

      1. Дали си сигурен дека вистина работел “на развојот на Google News“, или тоа се негови муабети? Можеби бил кафе куварица во Google …

  3. Во секоја книга за веб гејм програминг има пример како да направиш мафијашка игра.
    Можам само да ги поздравам дечките за досега сработеното се надевам дека наскоро ќе излезат од бета верзија и трудот ќе го претворат во профит.
    Ако нешто ви пречи слободно пријавете го кај админите и прашајте ги не ширејте шпекулации само. (Голем дел од моите забелешки беа прифатени )
    Од оргиналност не се печали најголем пример за тоа ви е гугле туку од добар бизнис план со добра анализа на пазарот.

  4. Во едно сум сигурен бандитас сигурно не им го дале кодот

    Оргиналноста во игрите веќе е минато.
    Како што гледам пропустите кој ги има во некој скрипти (копии на горе спомнатата скрипта)ги нема таму .

    Некој од нив неможат да издражат ни 20 корисници онлине ,а на оваа сум видел 900 онлине.
    Мафиа.мк имат 15к членови за рок од два месеца ит.ком за 5 години нема толку, а за некој други сајтови да не правам муабет.

    Сум работел на проекти каде клиентот сака буквална копија на некој сајт (кинески систем што го викам јас)

    Дечките направиле бизнис стратегија направила анализа на пазарот виделе што нема во Македонија и ете ти бум.
    Строго професионално среден проект.
    Кога ќе пријавам некој баг во рок од 24 часа е решен што е редок случај во Македонија што значи дечки и да ја имат купено скриптата и да е нивни производ ја знаат како функционира.

    А авторски се права се друга дилема ги споредив двата сајта имат разлика во многу работи во некој нема , но никој неможе да бара авторски права на играва. Зошто ?

  5. Ц ц ц е за тоа нема да не биде нас Македонците нонстоп плукаме по успехот на нашите Македонци, а се радуваме на нивниот неуспех.

    Крадена некрадена исто е. Како што велет србине: bolje išta nego ništa. Ако некој од вас беше толку атик што не направи негова игра, наместо да ги пофалите вие ги обвинувате за авторски права нешто што кај нас не постои. Децата се потрудиле направија каква таква игра, донесоа нешто ново на нашиов сиромашен ит пазар.

    Играта е супер и ја препорачувам на сите.

    1. @Александар Талевски
      Прво, воопшто не е утврдено дека е украдено нешто. Авторите треба да се изјаснат.

      Второ (а ова се однесува на твојот коментар), или си лопов, или не си. Лоповите не се делат по националност, туку по тоа дали крадат или не. Нема потреба од политичарење.

      Се прашувам дали ќе го фалиш туѓиот „успех“ со крадени работи кога тебе би ти украле нешто. Сто стапа по туѓ грб ич не болат.
      Авторски права постојат и секогаш ќе постојат. Нивното непочитување е еднакво на крадење. Те жалам што размислуваш спротивно — очигледно, моралот не ти е на прво место.

  6. Па што ако му е купена макар и копирана играта, важно е што дечките навистина направија бум во Македонија 15.000 регистрирани за два ипол месеци е нешто ретко. Ги имам видено и двете игри и можам да кажам дека дечките ја земале играта и ја направиле 100 пати подобра.

    Сега останува на сите вас да завидувате на нивниот успех, и да пишувате кај што ќе стигнете дека играта им е крадена.

    1. За ова имаш докази, или онака, си правиш афери од забава?

      Некако, не верувам дека некој со украден софтвер ќе се идентификува по име и презиме, па уште и ќе прави планови за проширување низ европа.

      1. Ме зезаш така? Ја отвори лиhttp://www.bandias.com или онака само од забава реплицираш? Отвори ја и иди на Play for free.. identical isn't it?
        btw заборавиле еден фајл да преведатhttp://www.mafia.mk/lostpassword.php
        За оние што прашуваат зошто казиното не работи.. Па тоа е Flash action script, потешко се преведува swf фајл отколку php..
        Поздрав

      2. Зошто звучам дека те зезам!?
        Отворив на bandias.com, но не кликнав на Play.

        Но, со помош на Google, гледам дека има вакви скрипти кои легално можат да се купатhttp://ravan.info/_catalog/php_scripts/_mmorpg_ga

        Можеби така и направиле. Во секој случај, авторите треба да го објаснат ова.

      3. Па ми звучеше затоа што не верував дека некој ќе отиде на страната и нема да кликне на Play со оглед на тоа дека е заинтересиран дали навистина коментарот кој го поставив е само афера од забава…
        Се продаваат скрипти не викам не, но не и bandias.com.. Не е од оној тип на скрипта за продавање.. Куцана е од страна на холанѓанец но не е со добра заштита што јасно кажува дека не е купена туку нулирана.. Ја симнав и јас.
        Оној што малку повеќе се разбира од кодирање ќе свати одма.

      4. Тој што се разбира малце повеќе од програмирање ќе свати дека играта е 100% различна. Оптимизирана е в крај, работи многи побрзо од "оригиналната" кога не се повеќе онлајн (серверот им е за никаде), одзема помалце ресурси и ред други работи ко ќе видеш на крај станува збор за друга игра .
        Изгледа ти не си од тие што се разбираат во кодирање.

        Е сеа тоа што се решиле да имаат сличен но подобар изглед како "оригиналната" им е грешка но да се надеваме дека кога ќе излезат од бетата ќе си ја поправат грешката.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии