Стартуваше 140.мк, македонски Twitter директориум

140.mk e Тwitter директориум и агрегатор што во суштина значи дека сите македонски твитерџии можат да се регистрираат на сервисот, да си одберат категории, и да твитаат од 140.mk, овозможувајќи им на другите полесно да дојдат до релевантни твитови и корисници.

„Прагот кој треба да го помине нов корисник за да ја согледа корисноста на Twitter е поголем од оној на Facebook. Токму затоа се обидовме да направиме сервис кој ќе ги промовира и собира локалните Twitter корисници на едно место. Воедно ќе помогне и за поголема популаризација и полесно следење на дискусиите кои се одвиваат во македонската Twitter сфера.“ вели @darko156, еден од основачите на 140.mk.

При приклучување на 140.mk твитерџиите си одбираат категорија во која можат да се најдат и нивните и твитовите на другите корисници. Така доколку некој бара музичари од .мк Twitter заедницата, ќе може да разгледа кој и што се твита во соодветната категорија. Вкупно има 31 категории.

Доколку прегледувате категории и посакате да испратите брза порака, ќе можете да твитнете преку 140.mk. Но, Дарко вели дека не е примарна цел 140.mk да стане место од каде се твита, туку „место каде ќе може да се следат трендови“. Пример, за време на Евровизија македонските корисници го користеа хаштагот #ribovizija, па наместо да се губат твитовите во стримот, сега ќе можат да се најдат заедно на едно место.

4 коментари на “Стартуваше 140.мк, македонски Twitter директориум

  1. Нема правила на користење и политика за приватност! Аман народе научи се да не трзаш дури не прочиташ вакви работи.

  2. одлична идеја и реализација. нема поминато 24 часа откако се пушти во функција овој директориум, а веќе поголемиот дел од твитераши е таму. поздрав до тимот позади ова :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии