Стартува вториот Vip Android предизвик; овојпат ќе има локален Vip Store и бизнис тренинзи

Како што најавивме вчера, Vip оператор го стартува својот втор Android предизвик (првиот беше пред две години) со кој ќе ги мотивира ентузијастите, професионалните програмери и компании да креираат локални апликации. Натпреварот започнува од 13.09 и трае до 13.11 кога е крајниот рок за поднесување на апликациите.

„Овојпат ќе ги поправиме грешките.“, вели директорот на Vip, Никола Љушев, објаснувајќи дека сега ќе им понудат тренинг на сите заинтересирани програмери за да креираат што е можно поквалитетни апликации и ќе обезбедат подобра промоција преку локална продавница. Vip ќе стартува своја продавница преку која корисниците полесно ќе ги наоѓаат локалните апликации, наместо „да се губат во милијардите апликации на Google Play”.

Vip Store секако дека ќе биде во корист за корисниците на Vip, но и за програмерите да си ја популаризираат апликацијата. Тоа што е доста важно е што Vip ќе се залага победничките апликации да ги промовира, и, ова е поинтересно, да ги дели приходите направени од продавницата со програмерот од апликацијата. Тоа значи дека програмерите ќе можат да ги продаваат своите локални апликации на локални корисници и да генерираат профит.

Друга новина е обуката која ќе ја води ПСМ Фондација и која е во два дела – Android обука за програмирање и Бизнис обука за како да се направи таа апликација да биде профитабилна. За тренингот се плаќа и е лимитиран на 50 учесници.

Покрај делењето 90 отсто профит во корист на програмерот, првата награда изнесува 5.000 евра, промоција на апликацијата од Vip во следните 12 месеци и Samsung Galaxy Note 10.1. Другите победници ќе добијат 80 отсто во корист на програмерот, промоција на апликацијата во период од 3 месеци и Samsung Galaxy S3. Сите детали за Vip Android предизвикот ќе ги има на android.vip.mk.

1 коментар на “Стартува вториот Vip Android предизвик; овојпат ќе има локален Vip Store и бизнис тренинзи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии