Стартува тест верзијата на Soc.io, Android продавница на Seavus

Во моментов веб страната дозволува само прегледување на продавницата. За да симнувате апликаци и е-книги ќе морате да го симнете Socio Mall Pilot .apk фајлот и да го инсталирате на вашиот Android телефон.

Продавницата изгледа како и секоја Android продавница, има рејтинг за апликациите, категории, коментари, опис на апликациите кои се распределени според најчесто симнуваните, најдобро рангираните итн. итн. Што се однесува до изборот, во моментот се сведува на десетина апликации, но сепак се работи за тест верзија на продавницата.

За разлика од сајтот, мобилната апликација изгледа ок. Ја тестиравме на HTC Sensation и изгледа доста едноставно за прелистување на апликации, првите две истакнати категории се Hot и Editor’s Pick, но има и копчиња за листање на другите категории или за листање на апликации одбележани како фаворити. Што се однесува за е-книгите, екраните на мобилните, дури и на Sensation кој има релативно голем екран, се премали за читање книги. Затоа мислам дека Seavus уште сега планира Soc.io да биде дестинација за корисниците на Android таблет компјутери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии