Стартува Sportport.mk, нов огласувач за спортистите и тие што се откажале од спортот

Новиот бесплатен огласувач Sportport.mk стартуваше при крајот на јуни, и веќе на него може да се најдат куп огласи. Целта на сајтот е да биде огласувач кој ќе понуди евтини спортски продукти за спортистите и за ентузијастите, и малку профит за тие што веќе дигнале раце од спортот.

Маја, Билјана, Ели и Милена, четирите девојки-основачи на Sportport.mk, веруваат дека луѓето сакаат да посетуваат специјализирани сајтови бидејќи се поедноставни за прегледување, отколку да се губат во категориите на општите огласувачи. Велат ќе бидат информативни со секојдневни блог совети и „направи сам“ проекти за да ја поттикнат креативноста кај читателите.

„Сакаме сајтот да го направиме поразличен од другите. Да биде и огласник и известувач и забавувач. Просечниот посетител да може да биде и некој што сака да стане спортист и некој што сака да се откаже од спортот, а и едноставно луѓе што сакаат да дознаат нови работи и трикови поврзани со спортот.“, велат девојките.

Сега за сега тие се задоволни од посетитите кои се зголемуваат, во последниве две недели има над 500 посети на ден, и ќе продолжат да работат на други идеи за да го подобрат сајтот. Во моментот сконцетрирани се да ги привлечат корисниците и да ја развијат трговијата на спортска опрема.

2 коментари на “Стартува Sportport.mk, нов огласувач за спортистите и тие што се откажале од спортот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии