Стартува редизајнираниот MySpace, фокусот е на музиката

Редизајнираниот MySpace сега е достапен за jавноста. Во ко-сопственост на поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк, еднаш популарната друштвена мрежа која беше буквално згазена од Facebook, сега ќе се обиде повторно да стане влијателна мрежа, но овојпат со поголем фокус на забавната содржина, отколку на конекциите меѓу луѓето.

Веднаш откако ќе се логирате (а тоа може да го направите со со Facebook, Twitter, поранешен MySpace, или пак да отворат нов профил) ќе добиете опција да изберете интерес. Изборот е меѓу музичари, дизајнери, промотери, комичари, брендови и други професии кои ќе обезбедат мултимедија.

Наместо да наликува на ривалите, MySpace сега изгледа комплетно различно со дизајн кој ќе одговара на таблет компјутерите и паметните телефони. Редизајнот е фокусиран на мултимедијалната содржина, односно на музиката, филмовите и фотографијата, додека споделувањето на вести е ставено во позадина. Фокусот е толку ставен на музиката што во долниот тулбар на профилот има плеер за песни од други корисници, и секако на профилите на ѕвездите, пример Џастин Тимберлејк, има опција да пристапите до iTunes и да му ја купите музиката, или новиот сигнл на поп-ѕвездата кој е објавен заедно со MySpace.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии