Стартува првата е-спорт лига во Македонија

Македонската е-спорт федерација (МеСФ) ја најави првата македонска е-спорт лига, која би требало да го промовира гејмингот како релевантна спортска активност и да им помогне македонските тимови да учествуваат на меѓународни турнири. „Ова е прв официјален чекор кон целосно признавање на е-спортот како официјален спорт и во Република Македонија“, објаснува Бобан Тотовски, претседател на МеСФ.

Нема многу детали за е-спорт лигата, освен дека ќе биде поддржана од Lenovo и ќе се фокусира на три игри – DotA 2, Counter Strike: Global Offensive, и играта со дигитални карти Hearthstone: Heroes of Warcraft. За сите игри постои огромен интерес во Македонија, на пример, еден од најдобрите европски играчи во DotA 2 доаѓа од Maкедонија; за Counter Strike не мора да се каже ништо бидејќи играта е меѓу најпопуларните игри веќе со години; а Hearthstone успева да привлече стотина играчи на турнирите кои ги организираше Гоблин.

Планот на МеСФ да креира лига е веќе започнат. Регистрациите за тимовите е веќе отворена и ќе биде отворена до крајот на мај. Планот е да се почне со натпреварите од 1 јуни, и да траат до крајот на август. Последниот турнир ќе го даде македонскиот шампион кој ќе патува на Светското првенство, која оваа година се одржува во Џакарта, Индонезија.

„МеСФ на сите апликанти ќе им овозможи бесплатна подготовка на документите за пријавување во Централниот Регистар и се откажува од наплата на членарина за првата година, бидејќи регистрацијата во Централниот регистар чини 2.500 денари. “, вели Тотовски. „Ова е мала поддршка од наша страна за сите тимови кои се заинтересирани професионално да се занимаваат со овој спорт и да учествуваат на меѓународни турнири. Од следната година, ќе имаме повеќе дисциплини, а се надеваме и дека Меѓународната е-спорт федерација ќе обезбеди полноправно членство на е-спортот на наредните олимписки игри“.

6 коментари на “Стартува првата е-спорт лига во Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии