Стартува Kупуваме.мк – Facebook апликација за групно купување

Причината за Facebook апликација наместо сајт, е што целната група им се млади корисници кои се постојано на Facebook, вели Борис Шуперлиски од Купуваме.мк, додавајќи дека „во секој случај Facebook апликација е за некој клик поблиску отколку сајт.“

„Се решивме за Facebook апликација од три причини. 1) Интеракцијата на целната група со апликацијата ќе биде подобра, бидејќи тие се наоѓаат во својата конфорна зона, а и комуникацијата со пријателите ќе им биде полесна преку опциите за споделување. 2) Развојот на Facebook како медиум сите силно го следиме, и денеска е тренд да се рекламираш на него. На многу лица Facebook им е 90% од интернет, а многу од нив и праќаат е-пораки преку системот на Facebook. Оттука мислиме дека треба да го градиме нашиот бренд тука на Facebook. 3) Убава сегментација на пазарот, полова, возрасна структура и сл.“

Борис вели дека се уште не планираат да наплаќаат со Facebook Credits, кои наскоро ќе станат официјална валута на друштвената мрежа. Трикот со нив е што Facebook зема 30% од секоја трансакција, но за возврат го олеснува процесот при купување. Едноставно имате претходно купени Credits и со еден клик ги трошите. Тоа е планот на Facebook, кој сега за сега е различен од .мк искуството.

„Од друга страна пак голем дел од работата е наоѓање на малите бизниси и нивно мотивирање, и мислиме дека во Македонија, каде групните попусти уште не се доволно развиени, Facebook Deals е далеку од реализација. Истото е со Facebook credits, луѓето сеуште плаќаат „во пошта или банка“ и затоа имаме опција со налог за ПП30. Промените на самиот Facebook ги следиме секојдневно, и Facebook Credits како опција за плаќање ќе биде набљудувана, и ако се остварат повеќе предуслови сигурно ќе ја развиеме апликацијата во таа насока.“

3 коментари на “Стартува Kупуваме.мк – Facebook апликација за групно купување

  1. Најпрвин да се заблагодарам до IT.com.mk за одличниот артикл.
    @security испраќањето на бројот на кредитната картичка се праќа директно преку CaSys македонскиот процесор на картички, кој преку дадениот iframe ги превзема податоците за картичката од купувачите, при што истите воопшто не се запишуваат од страна на апликацијата. Испраќањето на податоците кон CaSys е безбедно, потврдено со потребните сертификати.
    Доколку имате дополнителни прашања, можете слободно да се информирате на http://cpay.com.mk или да ни пишите на нашата e-mail адреса [email protected]. Поздрав!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии