Стартува јавното регистрирање на .XXX домени

Над 100.000 .xxx домени се активирани на првиот ден од стартувањето на јавната регистрација. Цените за домените започнуваат од 80 долари за година, и секој сајт ќе биде скениран дневно за малициозен софтвер.

Секс доменот беше одобрен во март по десет години расправии, и треба да претставува еден вид „црвена зона“ каде порнографската индустрија ќе може слободно да ги користи домените за своите услуги.

„Иако порнографската индустрија е забавна за многу возрасни, не е соодветна за сите поетители. Го креиравме .xxx за да ги задоволиме уникатните потребни на онлајн порнографската индустрија. Јавниот одзив е фантастичен, и корисниците и од индустријата се возбудени од бенефитите и бројните можности на .xxx”, вели директорот на ICM Registry, Стјуарт Лавли.

Но, иако .xxx доменети се наменети ексклузивно за сексуалната содржина, сепак порнографската индустрија успеа да се избори за правото да ги зачува и .com домените на своите сајтови заради стравот од цензура. Всушност, две големи порнографски студија Manwin и Digital Playground поднесоа тужба против ICM Registry за монопол, маргинализирање на индустријата и манипулирање со домените.

Интересно и иронично, заедно со противења од порнографската индустрија, и религиозните и анти-порно групите се против .xxx домените бидејќи со нив се дава одобрување и легализација на порното.

Регистрирањето започна уште во септември, но постоше резервациски период за брендовите од групата А кои се сопственици на истоимени .com домени. Ова беше потребно да нема „сајбер киднапирање“ на .xxx домени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии