Стартува iTunes Match

Apple конечно го стартува сервисот iTunes Match со кој може да се синхронизира целата iTunes музика преку iCloud, вклучувајќи ја и таа што не е купена преку сервисот, за да може да се користи од каде било , од други десктоп компјутер или iOS 5 уред.

Сервисот е достапен глобално, а пристапот до целата музичка колекција ќе ве чини 25 долари годишно.

„Еве како работи: iTunes одредува која песна во колекцијата е достапна преку iTunes Store. Било која слична песна е автоматски додадена во iCloud. Бидејќи има 20 милиони песни во iTunes Store, поголемиот дел од музиката е веќе додаден во iCloud. Се што треба сега да го закачите е тоа што iTunes не може да го најде. Ова е побрз начин одошто да се почне одново. Штом ќе се додаде музиката во iCloud, ќе може да стримате и да ја складирате на вашиот уред. Уште подобро, сета музика iTunes ја пушта преку iCloud со 256-Kbps AAC формат без DRM – дури и ако вашата копија е од најнизок квалитет.“, објаснува Apple.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии