Стартува HUB Skopje, нов стартап акцелератор и заеднички работен простор

HUB Skopjе e нов заеднички работен простор кој стартапите и претприемачите ќе можат да го изнајмат за да го развиваат својот нов иновативен проект. Hub-от нуди пристап до интернет и сала за состаноци, но и менторство и пристап до бизнис настани на кои може да се запознаат други претприемачи и инвеститори. Hub Skopje е основан во соработка помеѓу USAID, Владата на Швајцарија, MladiInfo.eu и CEED Mакедонија, и ќе функционира како бизнис акцелератор преку кој ќе има можност за инвестирање во стартапи.

Идејата зад Hub Скопје е да се создаде екосистем во кој претприемачите ќе имаат пристап и ресурси да си ја претворат својата идеја во иновативен продукт. Ресурсите во co-working простор не се само маса за работа и интернет конекција за кој се плаќа месечна претплата (цените ќе се објават наскоро), туку шанса да се сподели знаење и искуство со други претприемачи, да се креира тим и да се добие фидбек за својот продукт. Тоа што HUB Skopjе ќе функционира како акцелератор е само дополнителна можност за пристап до инвеститори и ментори што ќе помогнат во развивање на стартапот.

„Без разлика дали сте претприемач, социјален претприемач, ИТ или фриленсер, дизајнер, креативец, корпоративен професионалец, студент или во процес на промена на кариерата – придружете й се на нашата заедница за соработка, за заедно да го градиме прототипот на иднината на бизнисот, технологијата и општеството“, велат од CEED Македонија. „Нашата мисија е да ја создадеме најенергичната заедница на претприемачи кои се посветени на развивање на бизнисот, технологијата, работата и општеството преку обезбедување инспиративен простор и платформи за соработка“.

hub skopje 1

1 коментар на “Стартува HUB Skopje, нов стартап акцелератор и заеднички работен простор

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии