Надополнето: Стартува форумот за студенти – fakulteti.com.mk

<Надополнето 3.11.10>„Иако поголем дел од факултетите имаат веб страни, не се добро ажурирани, т.е. немаат доволно информации. Пример го земам Филолошки факултет, таму иако студентите праќаат е-пораки до професорите, најголем дел од нив не добиваат одговори. Студентите може да разменуваат мислења, идеи, знаење, материјали, информации, искуства од колоквиуми и испити и се останато поврзано со факултетите и образованието. Не би сакал да има ограничување во мислењата на студентите, сепак тие се слика на идното академско опкружување во нашата земја, па и пошироко, и затоа не би требало да има ограничување на говорот и мислите на студентите.“, вели Марјан Алексовски, студент на Институтот за информатика при ПМФ и креатор на fakulteti.com.mk.

„Сега за сега останувам на форум, планови нема, но има идеи. :) Во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите со форумот, посетеноста, темите, и начинот на функционирањето, така и ќе ги насочувам и развивам моите идеи.“

</надополнување 25.10.10>

Форумот на fakulteti.com.mk e поделен на неколку категории за:

  • општи информации,
  • за информации во врска со државните универзитети,
  • за приватните универзитети,
  • за студентски информации, за скрипти и учебници, кредити и стипендии, студентски домови, студенти низ светот, семинари…
  • огласи за пракса, вработување, продавам и купувам
  • сеирџилница, мора да има место за фаќање сеир на студенти од други факултети :)

Тоа што е интересно е што форумот е на посебна страна на доменот fakulteti.com.mk па можеби по форумот ќе видиме некој интересен студентски портал.

За fakulteti.com.mk можете да споделите пофалби, забелешки и сугестии или на нивниот форум или на форумот на It.com.mk.

7 коментари на “Надополнето: Стартува форумот за студенти – fakulteti.com.mk

  1. Баговите може да ги пријавувате на форумот :-)
    Форумот постое неполна недела, така да нормално е да има некои багови, затоа што е сеуште бета верзија.

  2. Овој форум требаше одамна да постои, и ако повекето факултети имаат свој начин на комуникација сепак останува голем % что воопшто немаат, овде ја имаме(те) таа можност! Затоа БРАВО за идејата и што е поважно поуспешно развивање!

  3. Сеуште имаат премногу багови на форумот, второ секој факултет си има свое место за комуницирање (moodle) освен скопскиот !!!! (како и секогаш) така да ова е само жива глупост од некој кој си немал работа!

    1. Незнам колку си прочитал во форумот на it.com.mk ( http://it.com.mk/forum/showthread.php?t=18379 ) ова е еден вид на бета верзија и сега се собираат критики .
      А тоа дека е жива глупост од некој кој си немал работа грешка си друже, ако се изработи квалитетно што ако секој факултет си има свој форум, тука ти се сите на едно место, ако си матурант можеш да собереш информации и мислења ( ако се развие форумот ) и да ти помогне во одлуката каде да студираш ( наместо да бараш на стотици сајтови иста информација ) и ова е само еден пример дека грешка размислуваш.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии