Стартува eStudent.mk, ќе има библиотека со семинарски и скрипти

За да ги задоволат „апетитите“ на студентите за информации и семинарски, студенти од ФИНКИ и ФЕИТ, заедно со Високата школа за новинарство, го стартуваат порталот eStudent.mk кој ќе треба „да го опфати целиот студентски живот“, како што објаснуваат основачите.

eStudent.mk е продолжување, односно подобрена верзија на mkstudent.com кој е дигитална библиотека каде студентите можат да најдат, но и да закачат трудови. Сега таа дигитална библиотека ќе биде дел од порталот eStudent.mk кој ќе објавува и информативна содржина, конкурси, информаци за работа, кариера, информации за универзитетите и слично.

Библиотеката е моментално во бета верзија, но наскоро ќе понуди повеќе содржина во вид на скрипти, книги и семинарски трудови.

eStudenti.mk е втор ваков студентски .мк портал, по Fakulteti.mk, кој се стартува со цел да ги информира студентите за понатамошни кариери и пракси.

3 коментари на “Стартува eStudent.mk, ќе има библиотека со семинарски и скрипти

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии