Стартува Donesi.com, веб сервис за нарачување храна

@TomceDOO да го профункционираме Скопје како што треба, после ќе му ја мислиме и за Куманово. Фала за инфо и иницијатива во секој случај.less than a minute ago via TweetDeck Favorite Retweet Reply


Donesi.com е продолжување на синџирот на вакви веб сервиси кој е започнат во Србија, а го има и во Босна и Херцеговина, Црна Гора , а сега и во Македонија.

„Како и многу други бизнис модели и овој има повеќе надворешни фактори. Мора да се работи на унапредување на целокупниот пристап кон интернетот, во овој случај конкретно мислиме на малите компании (рестораните). Многу би сакале да успееме во тоа рестораните да ја согледаат можноста за заработка преку интернет. Donesi.com го нуди токму тоа, можност за заработка онлајн. Очекуваме сервисот да ја зголеми продажбата на рестораните и да им овозможи одлично искуство на оние кои нарачуваат.“, вели Магдалена Јовеска oд Donesi.com.

Сервисот нуди листа на ресторани според дел од градот, пример Стар Аеродром, Центар, Лисиче, Карпош… зависно од блискоста ќе зависи и времето на нарачката. Нарачувањето се одвива така што се одбира од менито на ресторанот, се прегледува според менито или според корисничкото искуство и рецензии, се внесуваат целата храна во кошничката и се споделува адресата со ресторанот.

Ресторанот од своја страна има персонализиран софтвер на мобилен уред кој ја добива нарачката. Откако корисникот ќе нарача, Donesi.com ја проследува нарачката по што се добива одговор од ресторанот за колко ќе треба храната да се испорача. Плаќањето се врши по испораката.

@MeriShesho Испораката е бесплатна :) Меѓутоа постои минимален износ за нарачка кој е одреден од рестораните.less than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

2 коментари на “Стартува Donesi.com, веб сервис за нарачување храна

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии