Стартува Chrome продавницата за веб апликации

Налик на продавница за мобилните апликации, пример iPhone App Store, кои го збогатуваат мобилното искуство, така Web Store е наменет за да го збогати веб искуството. Со продавницата корисникот на Chrome ќе има избор на куп разновидни апликации кои ќе може да ги користи директно од прелистувачот.

Всушност, Web Store може да стане место за наоѓање корисни апликации, сега има над 500 апликации, што сигурно Google се надева дека ќе го направи попривлечен Chrome прелистувачот кој моментално има над 120 милиони корисници.

Од една страна веб апликацијата може да го замени сајтот, пример New York Times има кул Chrome апликација, а од друга страна може да понуди дополнителна забавни апликации како игри или музика, или корисни како TweetDeck клиент, кој преку прелистувач би требало да работи поефикасно од неговата десктоп Air верзија. Предизвикот кој Google го постави е развивачите да направат кул апликации кои ќе овозможат подиректно и поинтерактивно да пристапат до содржина, пример користење на Chrome апликација за персонализирани информации од весник, наместо користење на RSS без да се посети сајтот.

Подолу е видео од официјалното Google претставување на Chrome Web Store, водено од Сундар Пичаи, главниот продукт менаџер на Chrome.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии