Стартува Brainster, едукативната платформа која сака да го претвори Скопје во училница

Конечно стартува Brainster, нова едукативна платформа која е spin-off од WeLrn, стартапот на Петар Ниновски. Петар успеа да привлече инвестиција од македонски ангел-инвеститори за WeLrn, која е замислена како онлајн платформа за кратки, практични курсеви. Но, додека работат на неа, им дојде идеја дека можат да креираат платформа за офлајн курсеви. Така се роди и Brainster, чија цел е да го претвори градот во училница.

Тимот на Brainster и Pogon, кои помогнаа со брендингот и сајтот

Тимот на Brainster и Pogon, кои помогнаа со брендингот и сајтот

„Како што Airbnb го промени начинот на кој ги планираме патувањата, така Brainster ќе го промени начинот на кој учиме“, вели Петар во интервју за IT.mk. Идејата на Brainster е генијална, но сепак едноставна. Платформата им овозможува на луѓето да го споделат своето знаење, да стартуваат курс и да зарaботат од него. Учесниците на курсот пак ќе научат real-world вештини од искусни предавачи, што ќе им помогне да си ја унапредат кариерата или да станат подобри во новата професија. Секој може да биде инструктор, и секој може да присуствува на курс, на било кое место во градот.

Brainster стартува од денес најпрво во Скопје, со планови за 2016-та да стартува во Атина, каде имаат соработка со локален стартап акселератор, потоа можеби Софија, регионот и подоцна Берлин. Моделот е едноставен да се примени на било кое место бидејќи секаде има побарувачка за практично знаење. Меѓу првите курсеви што може да се најдат на платформата се курс за фотографија и курс за storytelling. Има и курс за финансиско моделирање, креирање на веб апликации од нула, работа сo Google реклами и пишување на CV кое ќе привлече внимание.

PrtSc

Сите курсеви се од различни предавачи кои сами си ги одредуваат цените. Brainster како медиjатор зема мал процент од учеството, но им остава слобода на предавачите да си одберат термин, место и времетраење на курсот. Учесниците на крај ќе можат да го оценат курсот и да напишат рецензија. Доколку пак учествуваат на повеќе курсеви или ги промовираат на други, Brainster ќе има методи со кои ќе ги награди за својот труд, дали преку попусти или преку гејмификација, објаснува Петар.

„Инструкторите се предизвикани да поставуваат практични курсеви. На голем дел од курсевите ќе бидете во можност да работиш на реални проекти и да решаваш реални проблеми. Замисли какво искуство ќе биде тоа за тебе“, вели тој.

1 коментар на “Стартува Brainster, едукативната платформа која сака да го претвори Скопје во училница

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии