Стартува Блогираме.мк, нов агрегатор на македонски блогови

Стартува Блогираме.мк, агрегатор за блогови кој сака да ја промовира и развива македонската блогосфера. Идејата за агреагаторот доаѓа од Facebook страната „Mакедонски Блогери“, велат основачите.

„Велат дека сонот кога тогаш се остварува ако искрено се верува во него… Пред две години започнав со страницава со доза на скептицизам и неразбирање од блогерите за идејата и крајната цел и намена. Времето покажа дека бев во право… рамо до рамо ја протуркавме идејата со Краљ.”, пишува блогерот Игор Пипо Саздовски.

Сега одиме чекор понапред во проширен состав и многу појак тим, вели Игор. На новиот агрегатор Блогираме.мк, кој сè уште е во бета фаза, блогерите ќе може да си го пријават својот блог и да учествуваат во „промоцијата и развивањето“ на блогосферата.

„Кој знае… можеби еден ден ќе имаме и сопствена блог платформа која ќе ги слуша блогерите и ќе биде заедно со нив во сите идеи, желби и предизвици. Поздрав блогеришча.“

Блогираме.мк во моментов има 136 пријавени блогови распределени низ неколку категории, а секој пост има опции за споделување на друштвените мрежи.

5 коментари на “Стартува Блогираме.мк, нов агрегатор на македонски блогови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии