Стартува 2win, македонска онлајн обложувалница

Лотарија на Македонија и Casinos Austria конечно ја издадоа дигиталната платформа за обложување и игри на среќа. Најавата за заедничка платформа е од минатата година кога со законско решение беше забрането обложување на платформи надвор од Македонија.

Но, сега стартуваат македонските обложувалници. Прва на која наидовме е 2Win.mk која е достапна буквално од последните денови на 2014 година. На сајтот покрај слот машини, покер, рулет и слични игри, корисниците можат да се обложуваат и на спортски натпревари: фудбал, кошарка, тенис, хокеј и американски фудбал. 2win функционира исто како и останатите онлајн обложувалници, си одбирате тип, вложувате пари и се надевате дека ќе добиете. Во моментов нема можност да внесете пари на сметка, ниту да бидете исплатени, но тоа очекуваме да се смени наскоро бидејќи обложувалницата е сепак нова. Пред да почнете да играте, можеби е најдобро да ги прочитате правилата.

Доколку не сакате да ризикувате, но сепак игрите на среќа ви се допаѓаат 2Win овозможува и играње за забава без никаков влог. Тука забележавме мал проблем, бидејќи иако сајтот не е наменет за играчи помлади од 18 години, при играњето за забава немаше никакво известување ниту забрана за ова. Дополнително сајтот како и останатите слични решенија не овозможува ефикасно отстранување на играчите помлади од 18 години доколку со дозовола од родителите имаат пристап до кредитна/дебитна картичка.

Сајтот повремено е бавен, а игрите можеби се премногу шарени, но објективно сајтот и не е наменет за корисници како мене, кои не планираат ниту да стапнат во казино, ниту пак да играат дел од игрите на среќа. За тие што ќе играат, ви посакуваме успех.

6 коментари на “Стартува 2win, македонска онлајн обложувалница

  1. Државна лотарија во соработка со Спорт-Лајф покрај Кено како игра која е понудена покрај спортска, од Јанари ќе воведат и видео лотарија апарати во секоја Спорт-Лајф кладилница. Така да очекувајте наскоро да има и апарати во вашата локална Спорт-Лајф кладилница.

  2. Totalno se vo zabluda so ovaa ''MONOPOLSKA RABOTA'' i se lazat deka ce uspeat vo toa zatoa sto nikoj ne e budala da plakja 1,95% +10% +5% danok vrz danok i plus toa da ne se vode istorija na igracot dali e vo profit od uplacanjeto kaj niv

    1. Јас би разбрал да е 10% на разлика меѓу исплата и уплата и би го поддржал тоа. Но 10% на секој бет е лудост. Нема шанса долгорочно да си во позитива.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии