#StartupSelfie со Трин Махлакоив од Tehnopol

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Вилу беше одличен раскажувач што ми направи да заборавам на времето, кога заѕвони телефонот потсетувајќи ме дека треба да одам во Garage48 Hub за нивната Saturday’s Tech Fair + Waffles вечер. Беше навистина кул претставување на стартапи исполнети со стартап ентузијазам и енергија. За мојот следен гостин се договориме да се сретнеме во хабот бидејќи не можев да ги посетам нивните канцеларии. Таа е менаџер на стартап програмата и одговорна за заедницата на најголемиот ИТ инкубатор на Балтикот – Tehnopol. Каде и кога Трин Махлакоив и се приклучи на стартап заедницата и што нуди нејзиниот инкубатор?

„Пред 2009-та не ни знаев што е тоа стартап. Сé започна кога се приклучив на стартап во рана фаза кој развиваше мобилни апликации како сервиси за градинки. Доаѓав од традиционална позадина, и да бидеш независна во стартап екосистемот е навистина голем предизвик, но секогаш можеш да добиеш поддршка од заедницата. Со инкубациската програма на Tehnopol поддржуваме 30 стартапи од најразлични земји, за 1 година. Вложуваме во експертиза вредна до 10.000 долари  во стартап компаниите за да ја најдат првата seed инвестиција или да стигнат до надворешни пазари. Нашиот главен фокус се ИКТ, зелени и медицински технологии. Бидејќи сме навистина добро поврзани, кога има недостаток на инвестиции во естонскиот пазар, ги праќаме тие стартапи во Финска за таков вид на поддршка. Кога стартапот е избран во инкубацискиот период му помагаме да го избере скалабилниот бизнис модел; да направи стратегија за продажба, маркетинг и ПР; развиваме осет за инвеститори и наоѓање инвестиции; и ги поврзуваме со добра мрежа на контакти. Секој што е заинтересиран да се вклучи во инкубаторот може да аплицира, но запомнете дека бараме скалабилни и технолошки базирани идеи, мотивиран тим и амбиција да се направи успешен бизнис“, вели Трин.

Бев заинтересирана да откријам какво е нејзиното мислење за што секој стартап треба да има за да помине низ некоја акцелераторска програма, доколку е потребно тоа? И секако, од нејзиното искуство до сега, кој совет би дала на младите претприемачи и стартапи во рана фаза?

„Стартапите не мора да се приклучaт на акцелераторски програми, но би им го препорачала тоа. На пример, имаме работа со високо-технолошки стартапи, некои, или повеќето основачи, немаат позадина во бизнис. Овие програми им помагаат да ги поминат тие пречки побрзо, да избегнат некои грешки во нивната авантура. Нашата програма е навистина практична, бидејќи сѐ е фокусирано на вашиот бизнис. Исто така, станувате дел од заедницата која додава дополнителен мотив за понатаму. Еден од најкул програмите, според мое мислење, е Startup Chile со кои соработуваме и ги советуваме луѓето да го испробаат ова искуство. Каде и да патувам, се обидувам да научам повеќе од стартап заедницата од тој град, како што ти правиш сега. Мојот совет би бил, да се обидете да бидете интернационални со вашиот бизнис веднаш штом ќе видите таква можност. Само не размислувајте премногу, направете го тоа. Зошто да се ограничувате себе си и да го водите вашиот бизнис само во вашата земја? Направете истражување и откријте каде сте потребни. Не мора да значи дека ќе бидете успешни ако се проширите во САД или во Западна Европа… Можеби пазарите во развој се место за вашиот продукт или сервис. Сега повеќе од било кога сме поврзани со сите и постојат неограничени можности за работење на интернационални пазари“, вели Трин.

Таа е навистина добра во вмрежување, бидејќи веднаш ме запозна со мојот следен #StartupSelfie гостини, за кој наскоро ќе читате. Ми беше задоволство што ја запознав Трин и што дискутиравме за најразлични теми, наоѓајќи многу сличности во нашата професионална авантура и си ветивме дека ќе останеме во контакт. Секако дека постои можност да се сретнеме пак, бидејќи и ветив дека следното мое доаѓање во Талин ќе поминам веднаш во Tehnopol. За сите стартапи, проверете ја нивната програма и ви посакувам успех на сите.

1 коментар на “#StartupSelfie со Трин Махлакоив од Tehnopol

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии