#StartupSelfie со Сузана Орг, менаџерката на естонскиот Garage48 Hub

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Кратко по мојот состанок со Андриус од Mash Machine, се сретнав со менаџерот на Garage48 Hub. Како ново поставена менаџерка и одличен домаќин, Сузана Орг ме поведе на тура и на кратко ми објасни зошто го користат овој простор. Иако надвор беше навистина ладно, јануари во Талин, како што може да замислите, внатре беше пријатно и топло. Земавме шолји топло чоколадо, што ни беше потребно во моментот, и започнавме да зборуваме за различни „стартап работи“.

Секако, сакав да знам како Сузана му се приклучи на тимот и што Garage48 претставува за естонската стартап заедница.

„Беше лето 2015-та кога прв пат дознав за Garage48 и бев заинтересирана да се приклучам и да помогнам на некој начин. Затоа започнав како волонтер и бев вклучена во настан во ноември. Во меѓувреме се што се случуваше во Hub-от ме охрабруваше да работам. Garage48 не е само невладина организација, просторот може да се користи како coworking простор, центар за настани и заедничка куќа. Секој може да се приклучи, бидејќи сите настани што ги организираме се на англиски јазик и се наменети за локална и интернационална публика.

Една од работите по која сме препознатливи, се многуте хакатони што ги организираме. Првиот Garage48 хакатон се случи во април 2010-та година во Талин. Секој Garage48 настан е специјално случување и за тоа мора да најдеме партнери и спонзори кои ќе помогнат да се реализира (некои поголеми и успешни компании како Transferwise, Microsoft или унверзитетите го поддржуваат претприемништвото во овој град). Понекогаш амбасадите и министерствата ни даваат поддршка за хакатоните кога се случуваат надвор од земјава. Некои спонзори нудат експерти и ментори, други пари, трети со влезници итн. Има меѓу 15 и 20 хакатони (3-дневни настани во Естонија и надвор) и повеќе од 20 различни Garage48 настани секоја година што вклучуваат мали, воведни настани за хакатони во Hub-от (Талин и Тарту) и мини-хакатони како Студентскиот камп итн. Hub-от има околу 80 до 100 настани годишно, но повеќето се неколку часовни настани (пример, семинари, настани за вмрежување) и повеќето ги хостираме, наместо да ги организираме“, вели Сузана.

Полека, но сигурно, таа се запознава со претприемничкиот живот. Нормални работни часови не постојат, и за многу луѓе тоа е стресна работа. Но, како се таа справува со тоа? И што мисли таа за естонскиот стартап екосистем?

„Меѓу новите генерации е популарно да се има стартап или да се биде дел од еден. Во Естонија е честа работа да видите успешни приказни по медиумите. Но, не треба да се инспирирате само од успешните приказни и да дојдете на хакатон и на настан каде ќе се разочарате. Треба да се учествува на што е можно повеќе настани, да се најдат инспиративни луѓе и приказни да се следат и да се тестира идеајта колку што може побрзо. Нашата цел во Hub-от е да им дадеме на сите шанса да видат како ова функционира и посебно преку хакатони, каде може да се тестира идејата и да се добие фидбек во реално време. ВЕрувам дека ова е одлична платформа за искуства што им се потребни на претприемачите, ако сакате да започнете компанија. И на овие хакатони може да видите луѓе од различни генерации кои се дружат, и се обидуваат да решат проблеми. Исто така, би сакала да кажам дека ова не е работа, ова е начин на живот. Може да работите од дома, но може да работите и преку викенди и понекогаш треба да земето одмор и да размислите за сработеното. На крајот на денот, треба да можете сами да се мотивирате и да бидете активни. Помалку зборување, повеќе акција е мотото!“, вели Сузана.

Таа беше одличен домаќин, ѝ посакувам успех во нејзината работа како менаџер во Garage48 Hub. Сигурна сум дека ќе се сретнеме повторни и ќе зборуваме за тоа што се случило во меѓувреме. За секој што патува накај Талин, веќе знаете место кое треба да го посетите.

3 коментари на “#StartupSelfie со Сузана Орг, менаџерката на естонскиот Garage48 Hub

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии