#StartupSelfie oд зимскиот Талин со StartupEstonia

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Ја започнав годината како што треба… со патување. Си резервирав авионски билет и бев возбудена што ќе го прославам Божиќ во Талин, Естонија. Ова беше прво мое патување во оваа магична зимска земја. Но, не бев воопшто подготвена за екстремните ниски температури кои ме пречекаа во Талин. Беше очекувано дека ќе се жалам на ладното време, но треба да се забрани да правиш било што на -34 степени. Но, по првичниот температурен шок, првата вечер ја поминав во прекрасниот Christmas Market во стариот град на Талин, каде бев изненадена од глетката и стоплена од фантастичното греано вино.

Првиот ден беше за шетање и уживање во градот. Веќе следниот ден започнав со состаноци со стартап ентузијасти, бидејќи сакав да ја запознаа заедницата и да дознаaм повеќе за #ЕstonianMaffia. Пред моето патување, направив мало истражување и контактирав многу луѓе од различни организации и стартапи. Првата личност со која се сретнав и која имам чест да ви ја претставам е Мирјам Керт, проект менаџер на Startup Estonia.

„Startup Estonia е медијаторот помеѓу стартапите и законодавците. Служи како чадор организација што ги поврзува естонската стартап зедница, со мрежи на инвеститори и ментори, бизниси и иновациски акцелератори, со нови или етаблирани компании. Нашата цел во 2016-та година е да стартуваме поразновидна програма за подобра соработка, бидејќи сме мала заедница и ова ни е потребно за да може да постигнеме подобри резултати. Исто така помагаме со нови и релеватни информации кои им се потребни на младите претприемачи. Правиме месечен календар за стартап настани и ко-организираме ИТ конференција Latitude 59. Исто така, странците кои сакаат да започнат бизнис во Естонија доаѓаат за совет, поддршка и сѐ што им е потребно. Иако е лесно да регистрираш бизнис преку е-владините услуги, најважно е што заедницата ќе ти даде поддршка“, вели Мирјам.

Беше навистина интересно што тие како организација не ги поддржуваат стартапите директно, но служат како точка за информации. Бев заинтересирана како таа се вклучи на стартап сцената, и кои се нејзини совети што ги научи од досегашното искуство.

„Моето прво искуство со стартапи е преку Startup Estonia. Штом ќе се вклучите, веднаш станувате заинтересирани за повеќе. Мислам дека се навлеков на брзината на како се развиваат работите. Исто така имам свој проект Engage Estonia – проект кој ги поврзува стартапите со корпорациите, и помага со стартување на стартап екосистемот. Еден од моите совети за стартап ентузијатите е да се качат на возот веднаш, да не чекаат. Грабнете ја шансата, бидејќи нема подобро време да се стартува бизнис од сега. Има многу можности во новата економија, и можете да привлечете медиумско внимание полесно, бидејќи сите сакаат да пишуваат за стартапи. Поврзете со искусни претприемачи од вашето поле на интерес, валидирајте ја вашата идеја и не се срамете да прашате за помош. Плус, кога сте млад немате многу што да изгубите, затоа направете го тоа сега“, додава Мирјам.

Додека го допивавме кафето, си ветивме дека ќе останеме во контакт и ќе се сретнеме пак. Ми беше навистина задоволство да ја запознаам Мирјам која е одличен претставник на Startup Estonia и да дознаам, од прва рака, за нивната стартап сцена. По оваа средба, се упатив во едно кул место во Талин, на следниот состанок….

1 коментар на “#StartupSelfie oд зимскиот Талин со StartupEstonia

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии