#StartupSelfie со #StartupIstanbul, најголемиот стартап настан во Евроазија

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Startup Istanbul е водечки стартап настан во Евроазија и причината зошто бев во Истанбул. За тие што немале можност да се запознаат со овој фантастичен стартап настан, ќе ви го претставам Startup Istanbul кој ги донесува на едно место основачите, инвеститорите и директорите и ги поврзува со водечките стартапи, интернет компании, бизнис-ангелите и VC инвеститори од Азија и Европа. Истанбул е совршен настан за ИТ конференција за дигиталните компании и стартапи кои имаат глобални амбиции. Настанот овозможува неверојатни можност за поврзување со други луѓе, бидејќи на настанот имаше 100 стартапи кои беа изберени во менторската програма и над 1.500 гости од 40 различни земји.

Asli,Burak,StartupIstanbul

Пред некој месец без избрана да бидам Startup Istanbul Ambassador и по неколку одлични мејлови, разговори преку Skype и Slack, беше време да ги запознам луѓето кои се одговорни што ме доведоа, според мене, на најважниот стартап настан оваа година. Бев топло пречекана од главните организатори на Startup Istanbul, Бурак & Асли Бујукдемир, луѓето кои го посветија целото свое време и труд, напорната работа и позитивната енергија да го овозможат ова. Ова е еден од најголемите стартап настани што имав шанса да го посетам , и затоа бев заинтересирана да ја откријам нивната главна мотивација за организирање за најголемиот ваков настан во Евроазија.

„Верувам во холистичкото сфаќање за претприемаштвото, со нагласок дека треба да биде прифатено на личен и општествен начин на мислење. Целта ни е да го зголемиме бројот на дигиталните компании и да креираме интернационална средина за вмрежување на технолошкиот и интернет екосистемот, и затоа, ние како Etohum, се обидуваме да го изградиме ова размислување на лично и професионално ниво. Во ово момент, може да се порземе со локалното (личното) и глобалното (општественото) и да направиме аналогија меѓу нив. Ако се развиваш лично на една тема и се обидуваш да бидеш подобар во неа, но околината во која живееш и работиш не е подготвено за такво нешто, со инфракструктура или според прифаќањето, тогаш не можеш да поминеш преку првичната идеја да го оствариш. Или, ако само размислуваш локално и работиш од 8 до 15:00 часот и си го потценуваш твојот потенцијал, не можеш да бидеш успешен во глобалната економија, посебно со старите алатки на старите луѓе: Треба да одиш паралелено со светот и да ги го подобруваш твоето размислување и потенцијалот.

Затоа, без разлика на нашите културни вредности кои охрабруваат намален ризик или едукативен систем кој одгледува јавни службеници, сакаме да ги поттикнеме стартапите да го искористат овој висок претприемашки потенцијал од Турција, додека се обидуваат да успеат на глобалните пазари истовремено. Сакаме да си го исполнат својот потенцијал на локално и глобално ниво, да придонесат поефективно и со поголема перспектива. Локалните стартапи можат да раснат глобално, ако ги направат вистинските чекори, и подоцна да се подобрат со разновидноста на идеи. Кога ќе успееш, како една од твоите одговорности, следниот чекор треба да биде да се поврзеш со твојот локален екосистем како ментор за новите.

Затоа, мојата најголема мотивација за организирање на настан како Startup Istanbul, Startup Turkey, Galvanize San Francisco и Etoham Cafe собири е да помогнам да се изгради држава каде вредните стартапи кои имаат потенцијал да ги променат работите ќе ја стимулираат турската економија; каде ангел-инвеститорите веруваат во стартапи и дневен експоненцијален раст ќе помогне претприемаштвото да стане сериозна алтернатива за кариера, популарен курс на универзитетите и приоритет на власта за креирање на соодветни легислативи што ќе му помогнат на моменталниот екосистем“, вели Бурак.

StartUpIstanbul-Burak-Asli-Steve

Иако тие организираат бројни стартап настани низ целиот регион, тој што се истакнува е Startup Istanbul. Па да дознаеме колку време е потребно да се организира ваков настан?

„Потребни се најмалку 6 месеци подготовки однапред за се, вклучувајќи го изборот на говорниците, поделбата на тимовите, комуникација со спонзорите, подготовки за ПР материјалите итн. Пред главниот настан, исто така имаме дводневен процес за подготовки за екстензивен тренинг и менторство на 100-те одбрани стартапи со специјално одбрани ментори од Европа и САД. Тука им помагаме да бидат подобри нудејќи им ексклузивен стартап тренинг и совети за претставување пред публика, бизнис моделот и основите на компанијата, ПР, итн, итн…“, вели Асли.

Кога прв пат бев вклучена во настанот, започнав со истражување околу него, и кога ја видов главната агенда, забележав дека главните говорници, ментори и сите што се вклучени доаѓаат од различни индустрии, полиња на експертиза, националности, и ги прашав колку е тешко или лесно да се одберат вистинските ментори и говорници, и како да ги доведеш во Истанбул?

„Понекогаш се случува да е навистина тешко и голем предизвик, но секогаш е забавно и возбудливо. Прво, ние го земаме в обзир тоа што публиката го очекува, нашите цели за настанот, и датумот и локацијата за настанот. Се осигуруваме дека ќе имаме микс на говорници кои не се само мотивациони, туку забавни и ќе подучат – обидувајќи се да имаме фина разновидност од идеи. Повеќето говорници и ментори кои ги покануваме се тие кои ги следиме – тие што имаат пасија и визија за нивната работа и светот. Понекогаш кога читаме фантастични текстови или книги кои ги пишуваат, ги слушаме нивните говори со провокативни гледишта, се одлучуваме да ги повикаме за да ги споделат нивните добри идеи и приказни за технологијата, иновациите, претприемаштвото итн… во Турција и во Евроазискиот регион. Бараме јавни лица кои можат да инспирираат млади генерации и нови стартапи во нашата земја и околината. Најважно е да имаме убав баланс на луѓе од индустријата кои имаат вистинско искуство што можат да го пренесат, дали како инвеститор или како претприемач, тие што можат да ја препознаат новата економија и да ја доведат до уметноста на претприемаштвото, на пример. Дополнително, како што луѓето дознаваат за настанот што го организираме, така добиваме се повеќе и повеќе совети за темите што сакаат да се дискутираат, и нови луѓе кои треба да се следат“, вели Асли.

Оваа година, 15 стартапи успеаја да влезат во финалата рунда со шанса да се претстават пред публиката и судиите Стив Бланк, Андреа Барица и Терухиде Сато. Едно од многуте прашања кои ќе ги прашаат е „Дали ги прашавте клиентите за…“? Тие што се претставија најдобро и ги одговорија најдобро прашањата на судиите, се #3 Taskulu од Иран, #2 iGrow од Индонезија и #1 и победникот на Startup Istanbul 2015, Nims од Кенија! Честитки за победниците и сите 100 стартапи што влегоа во програмата, и се надеваме дека следната година ќе има повеќе од 100 стартапи и повеќе од 40 земји. До тогаш да дознаеме што подготвуваат од Startup Istanbul за иднината?

„Планираме да ја подобриме содржината и разновидноста на Startup Istanbul за следните години. Секоја година, стануваме се подобри и привлекуваме повеќе стартапи, ментори, VC-ја, ангел-инвеститори. На пример, оваа година е прв пат што имавме стартап од регионот на Газа. И покрај сите проблеми ширум светот, дали политички или економски кризи, ќе продолжиме да ги поддржуваме сите и да помогнеме да пораснат локалните и глобалните екосистеми заедно“, вели Бурак.

StartUpIstanbul winners

Беше навистина задоволство да запознам луѓе како Бурак и Алси, луѓе што се обидуваат да го подобрат екосистемот и да помогнат со развој на многу стартапи. Навистина сум им благодорна што ми дадоа шанса да соработувам со нив и ве поканувам да земете учество во следниот Startup Istanbul.

Поздрав

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии