(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
________________________________________________________________________________

Саботата ми беше ден резервиран за разгледување на плоштадот Синтагма во Атина. Немав многу состаноци тој ден, па решивме со мојот пријател да ја разгледаме областа. Земавме вкусни ледени фрапеа за по пат, од најблиското кафуле, и појдовме да разгледуваме. Откако направивме еден куп селфија пред парламентот со чуварите, и го разгледавме Акропол, јадевме вкусни гиро пити во слатко и автентично ресторанче во Плака, појдовме да се прошетаме во шопинг областа пред да зајде сонцето. Ок, до сега сигурно се прашувате зошто е овој пост? Па, никогаш не престанува да ве вчудоневидува магијата што се случува на улиците од време на време. Кога си таму надов, никогаш не знаеш кого ќе сретнеш на улица, или било каде генерално. Тоа ми се има случено многу пати, и се обложувам дека ви се има случено и на вас. Ова беше случајна, но слатка средба.

Како што го разгледувавме одделот на Атика, помнавме покрај киоск за сладолед на Algida кој го забележав и претходните два дена, но никогаш не му посветив внимание зошто е таму. За мене беше обично место за продавање сладолед во посетувана улица. Но овој пат една девојка ми се приближи и започна да ми објаснува нешто, но поради јазикот не ја разбрав веднаш. Откако таа сфати ме праша „Дали сакаш да купиш сладолед, за да им помогнеш на младите претприемачи во Атина?“. Секако!!!

Но, морав да знам што стои зад приказната и како сладолед е поврзан со стартапи?

„Иницијативата доаѓа од Algida-Greece во соработка и партнерство со општината на Атина. Целта е да им се помогне на младите и посветени претприемачи од Атина со финансии, да си ги развијат своите стартапи. Algida го спонзорира сладоледот, а општината го обезбедува местото за киоскот и платформата преку која заинтересираните стартап ентузијасти ќе можат да аплицираат. Кампањата започна од почетокот на август, и ќе трае до крајот на септември, и ги имаме овие киоски на три различни локации низ градот“, вели 25-годишната Михаела.

Мора да признам, овој пристап ме изненади многу. Прво, колку кул е да се поврзе сладолед со стартапи? И второ, бидејќи ја поддржувам секоја инцијатива што и помага на стартап заедницата.

„Во октомври ќе има отворен повик за млади претприемачи и стартап ентузијасти кои се жители на Атина да аплицираат. Ќе има правила и критериуми во формата според кои најдобрите ќе ги добијат фондовите соберени преку оваа иницијатива. Се ќе биде транспарентно и до средината на октомври ќе дознаеме кој бил финансиран. Исто така ќе бидат промоцирани да послужат како пример за мотивација на сите други млади“, објасни Гианис, 20 годишниот колега на Михаела.

Откако завршив со испрашувањето, заедно со мојот пријател купивме уште сладолед и им објаснив дека треба да направам селфи за блогот. Тие бе супер кул за дружење, но немаше многу време за детали, бидејќи дечките сакаа да соберат уште пари за младите претприемачи. Кога им мавтав за чао, си размислувам дека вакви иницијативи треба да има во секој град и дека тие ќе бидат вистински поттик за еко-системот. Се радувам на вакви селфија во иднината. До тогаш, ќе ве информирам дека ова е последно селфи од Атина, засега. Беше навистина интересен и поучен пат за мене, запознам кул луѓе од атинската стартап заедница, научив како тие функционираат и што се случува, и можеби ќе има повеќе селфија од Атина во следниот период. Исто така, се надевам дека моите блог постови ви стануваат интересни, и дека ќе останете со мене на моите патувања.

До следното селфи, следете го мојот блог и не испуштајте ништо, бидејќи следат уште интересни приказни!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии