#StartupSelfie со Сакис Триантафилакис, основач на PanelSensor

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
________________________________________________________________________________

Веднаш штом ми заврши првиот состанок, морав да брзам кон плоштадот Синтагма каде ме чекаше уште еден млад претприемач. Имав само половина час да стигнам од точка А до точка Б, и земајќи в обзир дека ова ми беше прва посета на Атина, успеав некако да стигнам на состанокот со Сакис Триантафилакис. Сакис има големо искуство во организација на настани и е директно инволвиран во стартап заедницата веќе некое време. Се сретнавме на StartupTravels и за нашата прва средба го одбравме наблиското кафуле. Тој нарача пиво и ми предложи да пробам „самос“ – благо грчко бело вино, што ми се допадна многу.

Сакис ми раскажа неговата првична идеја за стартап кој пропадна пред неколку години, и како сега го турка новиот стартап PanelSensor – платформа за интеракција со публиката во реално време, што е лесна за користење за организаторите на настани и за публиката. Платформата го подобрува искуството на публиката за време на настани (конференции, бизнис состаноци, конгреси, форуми, итн) преку Q&A во реално време и анкети. Организаторите на настани сега ќе можат да понудат уникатно искуство до нивната публиката додека во исто време добиваат и вреден фидбек за настанот!

„Тоа што го научив од моето претходно искуство и тоа е валиден доказ до ден денес, е дека треба да имаш вистински тим во својот стартап. Бидејќи на крај, за да успееш, 99 отсто ќе зависи од добриот тим и реализацијата!“, вели Сакис.

Додека ми објаснуваше како се мотивираше да започне од почеток и да не се откаже од својата стартап идеја, некако сменивме тема да дискутираме за позитивните и негативните работи во актуелната економска криза во Грција и каков ефект има таа врз стартап заедницата.

„Според мене, целата ситуација има позитивен ефект барем кога се работи за промена на менталитетот. Многу млади луѓе сега се инспирирани да станат претприемачи наместо да работат во корпорација за мала плата; многу од нив решија да работат за стартапи, некои и да бидат фриленсери на страна. Многу од стартапи разгледуваат потенцијални пазари надвор (Британија, Скандинавија, САД). Исто така, кризата не зајакна, не натера да работиме повеќе, посебно кога се работи за остварување на соништата.

Но, исто има и многу негативни работи од кризата, да спомнам неколку, изгубивме кредибилитет и сите не гледаат сега како на црна овца кога се работи за бизнис. Исто така, ограничувањето на пари и трансакции надвор од земјата, не ги олеснува работите. Чувството што го добивам од кризата е дека се возиш на тобоган и околу тебе има негативна, отровна средина, па нивото на мотивација ти опаѓа и посебно ако ти се рацете врзани, може да биде навистина обесхрабрувачки“, вели тој.

Бев заинтересирана што научил до сега и кој би бил негов совет за секој што може да се најде во иста ситуација – да започне стартап и да се приклучи во стартап заедницата.

„Веќе неуспеав еднаш, и сигурно ќе направам грешки и понатаму, но кога нема да успееш го добиваш она чувство што те тера да работиш повеќе, да бидеш покреативен, да дејствуваш и направиш разлика. Мора да одиш редовно на стартап настани. Фокусирај се на стартапите, на твојот продукт или сервис, но најди време и за вмрежување, за патување, бидејќи на тие настани ќе пораснеш како личност, ќе ги подобриш вештините, ќе го прошириш хоризонтот и ќе запознаеш фантастични луѓе. Овие настани ќе те туркаат напред и ќе те изградат како личност“, вели Сакис со насмевка на лицето.

Ова ме остави да размислувам како учество на стартап настани и вмрежување со стартап заедницата влијаеше врз мене и ми помогна да бидам подобра личност. Во ова пријатно петочно пладне споделивме идеи, искуство и научивме многу еден за друг и за стартап заедниците, и се надевам, дека со Сакис, ќе направиме уште селфија и ќе го споделам неговиот пат кон успехот. До тогаш, му посакувам среќа со неговиот стартап PanelSensor и му го препорачувам на секој што работи со организирање настани. Наскоро ќе следи уште едно #StartupSelfie од Атина…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии