#StartupSelfie со претприемачи-номади кои посетија 22 стартап сцени во една година

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Летово работев на проект во убавата Струга, која лежи на брегот на Охридското Езеро. Одеднаш добив приватна порака на Twitter која ме изненади. Пишуваше дека тие патуваат во регионот откривајќи нови стартап сцени и дека се заинтересирани да се сретнат со мене. Бидејќи не бев во мојот роден град, ги поканив да ја видат Струга на кафе и муабет за стартапи додека седиме пред убавото езеро. Не го очекував тоа, но утредента Пол и Кејт од Inner Wanderlust пристигнаа во Струга.

Пол е претприемач кој е загреан за стартапи, технологија и социјално претприемаштво со искуство во патувања. Израснал во Ливерпул, Англија, и работел во гејминг индустријата, образованието и дигиталните агенции во ИТ секторот веќе 15 години, последен пат како архитект на системи. Кејт е исто претприемач, адвокат на идејата за стартапи и ужива да патува. Таа израснала во внатрешноста на Австралија и живеела во Лондон и Сингапур. Нејзиното корпоративно искуство беше од дигитални агенции како девелопер и проект менаџер, последно како менаџер за глобални промени. Заедно живееја вегетаријански, минималистички и номадски живот.

Уживав во нивното друштво, се запознававме и дискутиравме стартапи, откривајќи ми што работат во моментов:

„Минатата година му кажавме збогум на корпоративниот свет во надеж дека ќе најдеме нешто што повеќе не исполнува. Си ја следиме пасијата и креативните мозоци кои нѐ одведоа кон предизвик да стартуваме 12 стартапи во 12 месеци. Оставивме се на судбината бидејќи ние никогаш порано не сме креирале бизнис, но чувствувавме дека е време за сега или никогаш, и моравме да се обидеме. Моментално сме во 10-тиот месец со 10-тиот стартап, и веќе посетивме 22 земји. Напорно е и навистина е како да се возиш со тобоган. Научивме многу, видовме многу, направивме многу обиди и имавме малку успех со стартапите. Сѐ на сѐ, ништо не би смениле до сега, го живееме животот што сакаме да го живееме и можам искрено да кажам дека не го чувствуваме како работа. Документираме сѐ за нашите стартапи, учењето, пробите и патувањата на нашиот блог Inner Wanderlust”, вели Пол.

PaulnKate

По нашата прва средба тие продолжија со патувањата, овој пат во Албанија каде сакаа да ја истражат стартап сцената. Останавме во контакт и сега можам да кажам ги чувствувам Пол и Кејт како пријатели. Откако го посетија Скопје каде се сретнавме уште еднаш, нашата следна средба беше во Истанбул каде искористивме слободен ден да се прошетаме на едно од моите омилени места – Ортакој. Продолживме да дискутираме за стартапи, за мотивацијата и предизвиците со кои се среќаваат во нивното патешествие откако го напуштија корпоративниот свет.

„Пасијата. Се работи во тоа да одбереш нешто за кое имаш пасија и се разбира, да завршиш малку домашно. Ако размислуваш да направиш промена, имаш идеја за која си страствена, си го направила твоето истражување, тогаш нема подобро време да стартуваш! Подготви се за добри и лоши работи во претприемачкиот живот, бидејќи не е сѐ двојни виножита и работење на плажа, освен ако не си леприкон кој планира да предава сурфање. Има долги часови, 100% фокус, сознание дека може да не успееш, но треба да бидеш среќна додека се обидуваш; се работи за безрезервна трпеливост и верување, ќе жртвуваш многу, но на крај ќе се исплати! Јас сум најмногу импресионирана со менталитетот на претприемачите да ги поддржат другите. Такво нешто го нема во корпоративниот свет, но тука е освежувачки да видиш таков контраст помеѓу претприемачите и корпоративниот свет“, вели Кејт.

Бидејќи тие ги откриваа стартап заедниците ширум Европа и се среќаваа со стартап ентузијасти веќе една година, ги прашав во која земја се најимпресионирани од стартап заедницата, посебно со развојот на стартапи.

„Косово е првото место што ми доаѓа на ум од 22-те земји што ги посетивме оваа година. Поради нивниот проблем со визи, тие навистина се уназадени да креираат стартапи уште од првиот ден. Стартап светот е доволно тежок, но обиди се да му додадеш на тоа дека не можеш да посетиш други земји со кои се граничиш, камоли да патуваш во остатокот од светот. Екосистемот кој е изграден од ICKosovo и успешните приказни кои ги имаат, како AppSix што успеаја да го изградат за толку кратко време и против сите тешкотии е навистина неверојатно. Косово ја има една од најмладите популации во Европа, така што мислиме дека ова е само почеток.

Словачка. Два зборови. Летечки автомобил. Сериозно не очекувавме да видиме прво летачки автомобил, и второ да видиме толку многу хардверска иновација во Словачка. Дополнително со летечкиот автомобил на Aeromobil, тие имаат и Bat Suite кое го поврзуваат со преносна технологија, а тука се и GA Drilling кои развиваат високо-енергетска електрична плазма да бушат дупки во земјата и да не ја заборавиме мобилната куќа на Ecocapsule која е целосно одржлива во контекст на енергија и вода“, се сложија и двајцата.

Paul

Сигурна сум дека ќе се сретнам со нив многу, многу наскоро. До тогаш им посакувам успех во нивното патување и во стартувањето на 12 стартапи за 12 месеци. Следете ги и бидете меѓу првите кои ќе го погледнат нивниот документарец Startup and Deliver.