#StartupSelfie со Катерина Јелда Дилменер, маркетинг специјалист на Galata Business Angels

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Брзо по мојот состанок со Тајга, се упатив кон друга канцеларија за да се запознам со фантастични дами од непрофитна организација која ги поврзува инвеститорите со млади претприемачи. Бев заинтересирана да слушнам за нивната работа и концепти, и седнав на разговор со Катерина Јелда Дилменер, маркетинг специјалист од Galata Business Angels.

Galata Business Angels e важна организација на бизнис ангели во Истанбул. Тоа е формална група на директори, претприемачи и ангел-инвеститори кои се заинтересирани да го посветат своето време и пари во нови модерни стартап компании. Galata Business Angels членови ги имаат основано компаниите како AirTies, Yemeksepeti.com, Mynet.com и Markafoni.com и се директори во компании како Apple, еBay, Maxim, Turkcell и DBI. Оперираме како непрофитна организација и функционираме како платформа каде членовите ангел инвеститори и искусни претприемачи се собираат и разменуваат идеи за стартапи и за можности за инвестирање. Имаме голем број на инвеститори од оваа земја и регионот во нашата мрежа, и над 2.000 претприемачи кои аплицираа за академијата што ја организираме. Можам со гордост да кажам дека до сега 17 стартапи добија инвестиција преку нашата мрежа“, вели Катерина.

Состанок во Kolektif House, co-working простор во Истанбул

Состанок во Kolektif House, co-working простор во Истанбул

Додека дискутиравме за нивниот бизнис модел и начинот на кој оперираат, без заинтересирана да откријам како ги одбираат стартапите и што е највредното нешто за неа во нејзината работа.

„Секој има шанса во Galata Business Angels. Aко имате одлична бизнис идеја, може да нѐ контактирате и да закажете сесија за да се претставите. Исто стартапите од странство можат да пополнат апликација, да се вклучат и ние ќе преземеме од тука. Ние сме главно фокусирани на инвестиции во Турција, но исто така прифаќаме апликации од MENA регионот и пошироко. Членовите на Galata Business Angel ќе инвестираат во тие сектори кои се популарни како интернет, мобилно, софтвер, телеком. За мене лично, едно од најдобрите работи е што поврзувам млади претприемачи со инвеститори. За некои од нив менторството што го добиваат околу презентациите, бизнис моделот, стратегијата и 1-на-1 сесии со совети е едно од највредните искуства. Тогаш сум најгорда за тоа што го работам“, вели Катерина.

Kolektif House, co-working простор во Истанбул

Kolektif House, co-working простор во Истанбул

Беше навистина задоволство да ги запознам дамите од Galata Business Angels и да научам повеќе за нивната организација. Би ги охрабрил сите стартапи да ја проверат нивната програма и да си ја пробаат среќата. Иако сакав да останам повеќе за да разговарам за други теми, моето време беше ограничено бидејќи требаше да си заминам од Истанбул.

Мојата недела во Истанбул помина одлично, беше забавна и возбудлива, и во исто време научив многу за нивниот еко-систем, дека имаат фантастични луѓе од различни земји и позадини. Со моите постови од оваа посета се надевам дека ќе добиете информации, ќе бидете инспирирани и мотивирани, и можеби ќе најдете корисни контакти за вмрежување и потенцијална соработка. Бидејќи #StartupSelfie цели да ги промовира стартапите и стартап ентузијастите од различни градови, но исто време да ги инспирира луѓето да се обидат како претприемачи и да живеат живот исполнет со можност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии