#StartupSelfie со Ева Пиперевска, организатор на SWSkopje и Silicon Drinkabout

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Koга ќе дадам ветување, сакам и да го исполнам. Во мојата „Приказна за мојот град… Startup Skopje“, ветив дека ќе пијам кафе, дискутирам за стартапи и направам селфи со Ева и Теди. Затоа, Теди „внимавај“, ти си следниот. :) Ја запознав Ева како еден од организаторите на минатогодишниот SWSkopje, И станавме пријатели (таа исто така е Близнак во хороскоп). Ја гледам како расне професионално изминатава година и како стана „ИТ девојка“ кога станува збор за македонската стартап заедница. Затоа седнавме да зборуваме за „женски ИТ работи“.

Eва Пиперевска работи како маркетинг менаџер во G6 и е активен поддржувач на македонскиот стартап екосистем. Организатор е на Startup Weekend Skopje, и ко-организатор на Silicon Drinkabout Skopje, Startup Weekend Sofia, Rockstart Answers Sofia и Startup Festival. Еден од основачите на невладината организација EPIC и член на македонската ПР асоцијација. Како се случи сево ова, ќе објасни Ева:

„Пред да се вклучам активно во #MKStartups заедницата, работев како менаџер за настани во компанија во Софија, Бугардија. Го запознав Теди и Митко на стартап настан во Eleven Accelerator и учеството на настанот беше најдобрата одлука што ја направив тој ден. Во овој период откако ги запознав, можам гордо да кажам дека се што научив за стартапите, за растење на компанијата, како да претставувам, како да продадеш зделка, и сите совети и трикови, ги научив од нив. Не мислам дека ќе бев тука да не ги запознав и затоа им сум благодарна. Тоа е истото нешто што го забележав во нашата заедница, дека скоро секој што го запознав изминатава година, сака да помогне, да даде совет, да испие кафе со тебе и да дискутира за стартапи. Велам скоро секој бидејќи бев сведок на период кога во оваа мала, да кажеме заедница од 200 луѓе, имаше поделби и фракции. Според моето мислење, тоа е тажно и глупаво, да не соработуваш и да ја развиваш заедницата. Ок, можеби не си се допаѓаме еден на друг лично, но тоа не треба да не спречи да соработуваме, да направиме да функционира и да му покажеме на светот дека оваа стартап заедница е моќна, дека има фантастични стартапи, неверојатни и иновативни идеи и дека знаеме како да соработуваме“, вели Ева.

Таа објасни дека за следниот SWSkopje работат да ги зближат #MKstartup ентузијастите заедно, да ги вклучат како ментори, организатори, учесници итн. Иако, таа работи „во сенка“ – како ментор ги набљудува новите организатори на SWSKopje, сепак зборувавме што овој настан значи за неа и зошто луѓето треба да учествуваат?

„Беше тешка работа да се состави минатогодишниот SWSkopje, бидејќи би беше прв пат да бидам дел од тимот на организатори на стартап настан во Скопје. Беше хаотично, стресно, но на крај беше забавно и вредеше. Среќна сум што за само една недела запознав толку многу фантастични луѓе кои сега можам да ги наречам пријатели. Иако не се гледам себе си како менаџер за настани, ги работам овие настани бидејќи ме исполнуваат со свежа енергија. Тоа што го научив од учесниците на SWSkopje е дека луѓето тука, имаат луди иновативни идеи, отворени се за сугестии од менторите и не се преземени од нивното его, дека има квалитетен кадар тука, не само во ИТ индустријата, туку млади бизнис професионалци, креативни дизајнери, маркетинг и ПР луѓе итн…. Од менторите научив како да се поврзувам со луѓето наспроти корпорации наспроти стартапи, како да направам бизнис план, да развијам стратегија, и научив што е MVP и многу други работи што ми помогнаа да израснам како личност, но исто така и да бидам професионална. Ако сето ова не ве убеди дека треба да посетите барем еден Startup Weekend во вашиот живот, тогаш што ќе ве убеди?“.

Се согласувам целосно со неа, како што објаснив во мојот претходен пост како SWSKopje ми помогна на мене. Како што го допивавме кафето, почнав да планирам каде да го направиме селфито. Btw, таа е селфи-професионалец, и ако ме прашате, треба да ви каже некој совет за како да направите одлична селфи фотографија. :) Додека се размислувавме, ја прашав да ми сумира и да ми го каже нејзиното мислење зошто луѓето треба да бидат инволвирани во стартап заедницата:

„Горда сум за секоја успешна стартап приказна која доаѓа од нашата заедница. Знам дека некои од нив добија одлични инвестиции, или дека се приклучија на кул акцелератори и дека им оди добро. Но, ова го знам бидејќи сум инволвирана во заедницата и ја следам нивната работа. Луѓето надвор од заедницата немаат поим дека нешто вакво се случува. Проблемот е прво дека има многу малку покриеност во медиумите и второ дека стартапите не сакаат да се откриваат, имаа некој вид страв од медиумите или дека луѓето ќе ги мразат ако ја споделат својата успешна приказна. Затоа тоа треба да се промени, бидејќи има приказни кои луѓето навистина треба да ги слушнат и прочитаат, и можеби да бидат инспирирани и мотивирани. Чувството дека ќе мора да работиш целиот живот од 9 до 5 не е добро, ве става во комфорт зона каде единствениот ваш страв е дали и кога власта ќе се смени. Тоа сепак е личен избор, но ако сте креативна личност и сакате слобода и флексибилност, каде ризикот не е да имате колку сакате проекти, тогаш совршено ќе се вклопите во стартап аедницата. Но, без врска на вашиот избор, треба да разберете дека што порано се одлучите, тоа подобро, бидејќи ќе треба да учите постојано, да одите на што е можно повеќе работилници, тренинзи, митапи и да го развиете вашиот талент се додека не бидете професионалец, и тогаш да научите нешто повеќе“, Ева со насмевка ја завршува својата мисла.

На крај ова беше отворен и искрен разговор и ви ветуваме дека ќе има и втор дел од #StartupSelfie наскоро, во меѓувреме секој петок има Silicon Drinkabout Skopje каде стартап ентузијастите се собираат и секој е поканет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии