#StartupSelfie со Аманда Сундел, општествен претприемач од Финска

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Ja започнувам новата 2016-та со приказна за мојот омилен вид на претприемачи, а тоа се општествените претприемачи. Омилени ми се бидејќи овие луѓе го вложуваат сиот свој труд, време и вештини за да донесат иновативни решенија за најголемите проблеми во едно општество. Почестена сум што имам шанса да ја споделам приказната за мојата пријателка од Финска и општествен претприемач Аманда Сундел. Таа е основач на DROPP, општествена компанија чие мото е: Ајде да го спасиме Балтичкото Море!

„Почиста околина е нешто што ме мотивира. Луѓето тука во Финска навистина се грижат за околината и веќе две години откако почнавме, размислувам како да направам да биде полесно за сите да се вклучат во заштитата на Балтичкото Море. DROPP се обидува да си го заврши својот дел да го спаси Балтичкото Море така што ги мобилизира индивидуалците и корпорациите да се вклучат во работата како дел од нивниот секојдневен живот и рутински операции. Со одбирање на DROPP, само-оддржлива вода во шише од Балтичкото Море, секоја личност и компанија може да придонесе кон заштитата на морето. Влеговме во партнерство со Универзитетот на Хелсинки, каде собираме повеќе информации за степенот на загаденост на Балтичкото Море, како климатските промени влијаат врз регионот и тогаш ќе може да започнеме со кампањи за подигање на свеста. Исто така започнавме соработки со над 100 партнери и дистрибутери во Хелсинки, и работиме да се прошириме географски, во обид до пролет DROPP да биде достапна на национално ниво и да се прошири во другите земји. Навистина е кул да се види како преку конзумеризам може да направиме разлика и дека не е само јавниот сектор тој што се грижи за околината. Ни треба сите да се вклучат и да соработуваат“, вели Аманда.

Dropp

Бидејќи таа работи на ова веќе две години, без заинтересирана да откријам кои се пречките со кои се соочува околу општественото претприемништво и што ја прави најмногу среќна во нејзината работа.

„Во Финска, општествените претприемачи не се толку чести и вообичаено се водат под праксата на корпоративна општествена одговорност. Затоа можеби најголемата пречка е основање на општествена компанија и објаснување како ќе функционира, и дека нема друга компанија која донира 100 отсто од своите профити. Покрај тоа, важно е да го најдеш вистинскиот партнер, што во мојот случај се вистинските дистрибутери и продавачи, посебно во следниов период во кој планираме да се прошириме. Во Финска, може да се видат примери од компании кои работат за профит, но кои исто така помагаат да се исчисти Балтичкото Море. Другите го прават тоа преку донации, што е сосема во ред. Навистина сум горда што можам да кажам дека најдобриот момент што го имав беше кога можевме да ја направиме првата донација и да покажеме дека секој од нас може да направи разлика секој ден. Така, за секој што размислува да се справи со општествените проблеми, би му препорачала да биде навистина заинтересиран и посветен. Споделете ја идејата, побарајте поддршка, направете некои првични контакти со потенцијални партнерства, и тогаш обидете се. Планирањето или размислувањето околу тоа е добро, но мора да се обидете да пробате да ви успее“, објаснува Аманда.

Лично сум навистина импресионирана на работата што таа ја прави и на нејзината посветеност. Затоа ќе ја поддржам иницијативата и ќе побарам и од вас да го направите тоа. Треба сите да помогнеме за почиста околина. За оваа конкретна околина, не заборавајте да си купите DROPP вода кога ќе сте во Финска и да ги проверите сите начини како може да се вклучите преку нивниот вебсајт. За Аманда, и честитам што ги зела работите во своите раце и и посакувам навистина голем општествен успех. Нека течат донациите! :)

 

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии