#StartUpSelfie: Што треба да знаете за „co-working“ и дигиталните номади

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на блогот #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Понекогаш песна може да нѐ потсети на некое претходно искуство. Дали ќе биде ритамот, текстот, вашиот омилен рефрен – може да ве врати во времето и просторот. Понекогаш и самиот мирис е доволен за истото. Пред еден месец, ова ми се случи на мене. Бевме петмина, во еден автомобил, на пат кон Банско, Бугарија. Местото каде што научив да скијам како дете, но некако го заборавив повеќе од 15 години…

Пристигнавме сред ноќ и само што ја отворив вратата од автомобилот, сеќавања. Банско има специфичен мирис што буди многу добри сеќавања. Секој кој бил таму знае, а оние кои ќе го посетат Банско ќе забележат. Сигурна сум. Иако не е сезоната за скијање, бев возбудена што сум назад. Целта на оваа посета е работен викенд, организиран од Co-working Bansko.

Што е идејата зад co-working локацијaта во Банско и на оваа „конференција“? Ова беше моето прво прашање до ко-основачот Матјас Зетлер.

„Сакам co-working. Toа е одлична средина за работа, која ми овозможува да остварам врски со истомисленици. Го сретнав Уве на Co-boat патување минатата година и размислувавме некаде да креираме co-working средина. По истражувaњето сфативме дека Банско може да биде одлична хотспот локација за независни претприемачи како нас, и одлучивме да отвориме co-working простор во соработка со Ирина. Бевме нови во Бугарија и сакавме да ги запознаеме другите простори за соработка на Балкан и да им покажеме што планираме во Банско. Во минатото бевме на најразлични конференции за co-working, но не успеавме да најдеме некоја која ги собира сите од регионот. Затоа решивме да ја оранизираме оваа неформална средба. На почеток не мислевме дека некој ќе дојде, но набрзо сфативме дека многу луѓе се задоволни што им ја овозможивме да разменуваат идеи и да учат едни од други.“, вели Матијас.

Саботата беше работна. Ние дваесетина, се поделивме во две групи и работевме на различни теми, како: маркетинг за co-working простори, привлекување на дигитални номади, алатки и техники за growth hacking, мини акцелерациски програми и слично. На паузите подобро се запознававме едни со други. Еден од нив е Лулу Андерсон, супер кул номад за дигитален маркетинг од САД. Сакав да знам повеќе за приказната:

„Минатиот октомври престанав со работа и со живот во Бостон. Без план Б, отидов на 3 неделен одмор во Индонезија. Купив лаптоп во Тајланд и по 2 месеци работа во хостели и во продавница за нуркање решив да започнам со фриленс. Во Виетнам пронајдов одличен co-working простор и пронајдов неколку клиенти од САД. Она што го научив досега е дека дигиталeн номад е многу широк термин – мојата верзија е микс на работа во трговија, волонтирање со кучиња и 10 часа фриленс неделно. Научив многу за балансирањето на заработката и количеството на живот кое сакам да го заменам за моите услуги, ми овозможи многу поразлична перспектива на работа-живот балансот кој го посакувам во иднина. Од август до октомври помагав во менаџирањето на Playworking во Црна Гора, coworking-coliving простор. Сметаме дека можноста за вмрежување со Банско и со останатите места на Балканот е одлично искуство. Изнајмив автомобил и возев низ 5 држави во 1 ден за да дојдам тука, ова потполно се исплатеше!

Досега научив многу и ако можам да споделам некој совет тоа е ова:

  • Имајте заштеда од неколку илјади долари за непредвидени трошоци при патување, откажани летови, дупнати гуми, но и кул искуства по пат
  • Не претерувајте со планирање, понекогаш најдобрите работи сами си доѓаат кога нешто друго не испаѓа по планот
  • Имајте некаква цел во патувањето, без тоа патувањето сам, може да биде доволна причина да се откажете во тежок период. Јас си купив планински велосипед во Португалија и волонтирам во прифатилишта за кучиња за да останам во вистинска насока.“ – вели Лулу.

Некои од дигиталните номади мора да размислуваат и за визите додека патуваат или престојуваат во некоја држава. Со оглед на тоа дека и самата доаѓам од држава која не е членка на ЕУ, едвај чекав да дознаам за искуството на Марија Алексовска. Дигитален маркетинг номад од Скопје која има идеја да отвори co-working простор на Тенерифе.

„Работам оутсорсинг за канадска веб марктеинг компанија веќе 3 години. Како интернет маркетинг стратег, моја улога и мисија е да им помогнам на малите и средни канадски компании да се промовираат на Интернет. Работам од дома, а истовремено можам во целост да се посветам на работата и на компанијата. Требаше да пронајдам решение за недостигот на социјалната интеракција. Започнав со посети на локална стартап и co-working заедница. Да скратам, завршив во автомобил со 4 неверојатни луѓе кои не ги имав сретнато во животот, на пат за Банско.

Моето прво патешествие на кое бев придружувана од креаторот на пари (лаптоп) беше во Барселона. Изнајмив соба на еден месец. Не бев навикната да патувам претходно, првите 3 дена останав во собата. Постојано се прашував: Што направив?; Зошто резервирав соба цел месец?; Мислам дека сакам да си одам дома. Но работите се поправија, а оттогаш не сум престанала да патувам. Моето омилено место се Канарските острови, половина 2016 ја поминав таму, се радувам на новогодишното славје на плажа. Последниве месеци научив 2 работи, двете со подеднакво значење:

  • Ни требаат луѓе во животот, спријателувајте се колку можете повеќе, може да се сликата со споменици и природа ограничен број пати. Сите сме патници во дивината на овој свет и најдоборото што може да го направиме е да патуваме со вистински пријател.
  • Без разлика колку чини, обезбедете добра интернет врска, ергономско столче и маса… и  кревет … и хранете се здраво“, вели Марија, со огромна насмевка.

Недела попладне, пред сите да си заминат, собрани сме на кафе на подножјето на Пирин Планина, за да позборуваме за искуството.

„Мојата најголема лекција од ова е дека сите имаме своја идеја, базирана на нашите лични желби и цели, за тоа што треба да претставува coworking локација. Сепак најголем дел од предизвиците се слични и може многу да научиме едни од други. Многу сум среќен што запознав нови пријатели и неколку луѓе веќе планираат да се вратат во Банско, било индивидуално или со некој нивните членови.“, вели Матиас „Секако ќе го препорачам просторот во Банско. Имавме задоволство да ѕирнеме во новите канцеларии кои ги градат, наликуваат на Старбакс со кафетерија и камин. Одличен и посветен тим, не можам да дочекам да се вратам назад и се надевам да научам да скијам. Ќе има многу туристи, па ќе биде поинаку.“ додава Марија која планира да се врати во Банско во февруари 2017.

За сите мои пријатели кои не се врзани со локација, Co-working Bansko отвора за 10 дена. Проверете си го распоредот, тргнете за Банско и уживајте во прекрасната природа на овој неверојатен ски-центар.

Се гледаме таму!

Поздрав