#StartUpSelfie од Impact Hub Zurich откривање на Kickstart Accelerator

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ. Нина е стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie во кој објавува интервјуа со регионални стартапи.)

Ја истражувам Швајцарија од еден Impact Hub до друг. Во првата приказна  од стартап заедницата во Швајцарија подобро се запознавме со Impact Hub Geneva. Овој пат со нетрпение ја истражував приказната зад Impact Hub Zurich и како тие успеаја да пораснат и креираат четири локации во градот под чадорот на Impact Hub.

Во Цирих е прекрасен и топол ден и тргнувам кон нивната локација Café Auer&Co. Го пронајдов овој скриен бисер блиску до реката. Ме пречека Кристоф Биркхолц еден од ко-основачите и лидер на BizDev одделот. Германец е, но живее во Швајцарија подолг период. Земавме чај и кафе и внимателно го слушав.

„Додека бев на магистерски студии, сфатив во која насока сакам да се движи мојата кариера и што треба да направам. Многу од моите пријатели и колеги сакаа да отворат сопствен бизнис, а сè што сакав јас беше да основам фонд за социјални компании. Ова беше во 2008 година. Немавме дозвола за фонд и добив понуда за докторски студии за финансирање на стартапи и обновливи извори на енергија. Во овој период се запознав со коосновачите на Impact Hub Zurich. Наша предност  беше што бевме први во Швајцарија кои се обидуваа да добијат лиценца за Impact Hub, истовремено бевме инволвирани со глобалната мрежа.

Со лансирањето ни требаше повеќе простор, но и креирање на заедница. Сакавме повеќе. Така се роди идејата за Impact Hub Fellowship. Тоа е стартап програма за Impact претприемачи во Impact Hub мрежата и им помагаме на останатите хабови да ја реплицираат на своите локации“, вели Кристоф.

Кога сте први на пазарот има многу предизвици. Бев љубопитна да дознаам кои биле најголемите пречки дододека започнуваа и што е најважната работа која ја научиле во овој процес.

„Кога започнавме со социјалното претприемништво беше ново за сите кои ги запознавме. Така за нас беше најважно да го претставиме концептот на социјално претприемништво, социјална иновација и impact-компании. На стартапите им требаше поддршка, но не е едноставно да се справите со правни и други административни пречки. Кога ќе се потсетам на ова време од самите почетоци, се вградивме во нив. Има уште многу притисок и сега, кога тимот порасна, станувате поптретпазливи и барате подолгорочни решенија. Креирајќи ја програмата имавме предизвици при изборите на ментори; мал е бројот на такви кои имаат искуство со овој живот и имаат изградено нешто, ни беше потребен и попедагошки пристап за како да ги образуваат учесниците. Едно од најважните лекции ми е дека заедницата е важен фактор, споделувањето на идеи и почнувањето на заеднички проекти е вредност која обезбедува дека ќе имате влијание“, додава Кристоф.

Сакате повеќе да дознаете за Impact Hub Zurich и како може да се приклучите? Епа, таман на време сте за да се пријавите на нивната Kickstart Acceletor програма. Еве ги деталите:

„Kickstart е една од најголемите zero equity, мулти-коорпоративни акцелератори. Основан е во 2015 година и е иницијатива во соработка со digitalswitzerland– иницијатива која спојува повеќе индустрии и која се обидува да ја направи Швајцарија центар на дигиталната иновација во Европа. Kickstart Accelerator е поддржан од претприемачи, инвеститори, академии и врвни компании од Швајцарија, и претставува единствена можност да го подигнете нивото на вашиот стартап за само 11 недели. Сите финалисти имаат 3 месеци coworking каде ги следиме најветувачките и ја разгледуваме можнсота за инвестиции. Некои од нашите стартапи веќе имаат инвестиции од вкупно 5 милиони швајцарски франци“, вели Кристоф со горда насмевка.

Започнете ја вашата компанија со Kickstart Accelerator! Сите меѓународни стартапи и претприемачи тимови кои се дел од: храна, FinTech, роботика и интелигентни системи, паметни градови (Цирих) и здравство (Базел) – Пријавете се за можноста да бидете еден од одбраните стартапи.

Пред да го завршам разговорот со Кристоф, добив совет за сите кои сметаат дека имаат претприемачки дух, кои сакаат да ги променат работите и да имаат влијание:

„Користете ја оваа глобална мрежа за да експериментирате со нови начини за заедничка работа, за заеднички живот. Тука сме да да се обидеме да им помогнеме на луѓето да ја променат својата кариера; да им помогнеме на луѓето кои ја мразат својата работа да го искористат својот потенцијал за работа која ја сакаат. Во светот на стартапите, треба да се фокусираме повеќе и да се грижиме за проблемите кои можеме да ги решиме. Луѓето треба да работат и да креираат компании кои ќе им помогнат да ги решат сите проблеми кои се повторуваат и во 2017 година.  Не се решава сè со финансиско излегување и продавање на компанија. Младите претприемачи треба да го добијат своето стартап искуство пред да продолжат во стартап поддршка. Мислете за големи идеи колку што можете, и удвојте го обемот на вашата иницијатива. Не само што вреди да го правите тоа , туку е и непоходно“, објасни Кристоф.

Уживав во приказната за Impact Hub Zurich и Кристоф и ги охрабрувам сите стартапи да се пријават до 30 април, за следната фаза на Kickstart Accelerator. Зграпчете ја оваа можност и изградте го својот стартап од Цирих; град кој е еден од најбрзо растечките центри и еден од водечките светски финансиски центри.

Нови приказни од швајцарската стартап сцена наскоро…

Поздрав.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии